Хумус ли е, што ли е? Леќа, ореви и таан спакувани во вкусен и здрав намаз
Леќата има висока нутритивна вредност, а многу малку калории. Докажано е дека го намалува нивото на холестерол во крвта, а со ова помага да се елиминира ризикот од срцеви заболувања. Кога ќе ја скриете во вкусен намаз, ќе ја јадат и тие што инаку не сакаат да ја стават во уста.
Поради високата хранлива вредност и ниската калорична вредност, леќата е одличен додаток во исхраната. Леќата е богат извор на лесно сварливи влакна, кои го поттикнуваат варењето и даваат чувство на ситост, па е одличен избор ако планирате диета.
Витамините што ги содржи леќата вклучуваат Б1 и Б9, а од минерали содржи големи количини на магнезиум, железо, фосфор, манган, цинк и калиум. Високата хранлива вредност на леќата е вистински показател дека ова е здрава храна која дефинитивно може да ви помогне кога е вашето здравје во прашање.
Докажано е дека леќата го намалува нивото на холестерол во крвта и на тој начин во исто време помага да се елиминира ризикот од срцеви заболувања. Бидејќи е богата со влакна, го штити вашето срце, а магнезиумот ќе ви помогне да го подобрите крвотокот.
Ако редовно консумирате леќа, влакната кои се добри за варењето ќе ви помогнат подобро да ги транспортирате јаглехидратите во цревата, но и во организмот. Го стабилизира нивото на шеќер во крвта и е одлична во борбата против анемијата.
Постојат 3 типа на леќи: црвена, кафеава и зелена. Имаат исти својства и ефекти врз здравјето, а најмногу се разликуваат по бојата и времето на готвење.
Кога подготвувате леќа, имајте на ум дека леќата е инхибитор на трипсин бидејќи содржи релативно голема количина на фитати. Трипсинот е ензим кој игра улога во варењето, а фитатите ја намалуваат апсорпцијата на минералите од леќата. Поради ова, неопходно е леќата да се натопи во млака или топла вода преку ноќ пред да се готви, со што ќе се намали содржината на фитати. Содржи и голема количина пурин, па затоа не се препорачува во исхраната на заболените од гихт.
Следниот ден кога ќе ја исцедите префрлете ја во тенџере и додадете 3 пати повеќе вода од количината на леќата и варете. Кога водата ќе зоврие, намалете ја топлината или покријте ја со капак. Ако сакате салата од леќа, варете ја пократко, за друго јадење варете ја подолго.
Ние овојпат од леќата направивме вкусен и здрав намаз кој има вкус што е многу сличен на хумусот.
Состојки:
Варена кафеава леќа
мелени ореви
таан
сенф
лукче
млад кромид
маслиново масло
сок од лимон
зачини и семки по вкус (ние ставивме малку сол, црн пипер, коријандер и малку чили)
Приготвување:
Сварената леќа изблендирајте ја заедно со другите состојки кои ги додавате во количини според својот вкус. Пробувајте, додавајте, балансирајте и направете намаз што ќе биде вкусен за вас и за вашето семејство.
Состојките можете и да ги менувате, но сметаме дека комбинацијата од леќа, мелени ореви и таан и сенф, не треба да се менува.