5 навики кои го намалуваат холестеролот на природен начин: Важно е како го започнувате денот

Фото: Pexels
839

Еве како да го намалите холестеролот без лекови!

Високиот холестерол е еден од најчестите здравствени проблеми, кој со текот на времето може да доведе до зголемен ризик од срцеви заболувања, срцев удар и рана смрт. Кардиоваскуларните заболувања се главната причина за смртност во светот. Постојат навики кои можете да ги примените и ќе ви помогнат да го намалите холестеролот на природен начин:

Наместо со кафе, започнете го денот со овесна каша
Домашното кафе содржи и до 30 пати поголема концентрација на дитерпени од филтер кафето, што може да предизвика зголемување на холестеролот во крвта. Поголемиот дел од луѓето денот го започнуваат со кафе, а советот на стручњаците е наместо тоа, да го почнат денот со овесна каша. Растворливите влакна кои се наоѓаат во неа влијаат на LDL холестеролот и ви помагаат да останете сити подолго време.
Пешачете секој ден најмалку половина час
Воведувањето физичка активност помага да се намали лошиот холестерол и да се зголеми нивото на добриот холестерол. Препораката на лекарите е, во зависност од општата здравствена состојба, човекот да има од 150 до 300 минути аеробна активност. Доколку тоа не е можно, дневната прошетка од половина час може да помогне. На овој начин ги намалувате шансите за појава на наслаги на артериите, па дури и домашните обврски влегуваат во игра доколку ви го забрзаат пулсот.

Зголемете го внесот на влакна
Влакна од цели зрна, грав, јаткасти плодови, семки, овошје и зеленчук помагаат во намалување на холестеролот и треба да бидат дел од вашата исхрана. Растворливите влакна се многу моќни бидејќи влијаат на апсорпцијата на холестеролот во крвотокот, се врзуваат за холестеролот во цревата и ја спречуваат неговата апсорпција. Не само што влакната ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сити, туку и позитивно ќе влијаат на нивото на холестерол.

Зголемете го внесот на омега-3
Ако јадете риба два пати неделно, консумирате одличен извор на протеини и омега-3, масти кои се неопходни за организмот. Тие помагаат да се намалат нивоата на триглицериди и да се забави растот на наслагите во артериите, што автоматски доведува до намалување на холестеролот. Експертите препорачуваат да јадете риба, како лосос, пастрмка, туна и сардини.

Јаткасти плодови
Оревите, бадемите и другите јаткасти плодови се богати со мононезаситени масни киселини, кои го намалуваат ЛДЛ холестеролот, но го оставаат ХДЛ „добриот“ холестерол. Една рака ореви дневно помага да се намали ризикот од срцеви заболувања, покажуваат студиите. Мала порција ќе ги ограничи мастите и калориите, но избегнувајте ги оние што содржат многу сол.