Она што го прави костенот посебен е неговата богата хранлива вредност. Костените се одличен извор на диетални влакна кои не само што го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта, туку и го поттикнуваат здравото варење.
Питомиот костен (Castanea sativa), познат и како шумски костен, е една од првите намирници што ги јадел човекот, а за тоа постојат археолошки докази. Костенот најмногу расте во јужна Европа и Медитеранот, а историчарите велат дека почнал да се шири низ Европа преку Грција.
Плодот на костенот се состои од тврда надворешна обвивка која го опкружува внатрешниот јадлив дел. Има карактеристичен вкус и текстура. Може да се јаде варен или печен.
Интересно е тоа што јаткастите плодови се класифицирани како плодови кои имаат едно јадливо семе со тврда надворешна обвивка што не може да се јаде, а тука спаѓа и костенот.
Мирисот на печени костени што се шири по улиците ни е добро познат на сите, но можеби не знаете за сите позитивни ефекти кои овие омилени есенски плодови ги имаат врз вашето здравје.
Богати со хранливи материи
Хранливи и богати со влакна, витамини и минерали, костените се препознаени по нивните здравствени придобивки, како што се намалување на холестеролот и подобрување на варењето.
Сто грама печен костен има околу 245 калории, па затоа често се смета за храна со висока енергетска вредност. Но, факт е дека калориската вредност се удвојува со неговата термичка обработка, а со неа се зголемува и количината на протеини и јаглехидрати.
Она што го прави костенот посебен е неговата богата хранлива вредност. Костените се одличен извор на диетални влакна кои не само што го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта, туку и го поттикнуваат здравото варење.
Богат е со калиум и фосфор, а содржи значителни количини на незаситени масти. Затоа се препорачува за луѓе кои страдаат од срцеви заболувања и кардиоваскуларни проблеми. Има корист и за бубрежните пациенти.
Покрај наведените состојки, костенот е богат со витамини и минерали. Во него ќе најдете витамини А, Б и Ц, како и минерали: манган, калциум, хлор, железо и магнезиум.
Сепак, особено е важно да се забележи присуството на бакар, минерал кој ги зајакнува коските, го поддржува производството на црвени крвни зрнца, го подобрува функционирањето на нервниот систем и го зајакнува имунитетот.
Интересно е што само околу 80 г костени дневно може да задоволат една петтина од дневните потреби за бакар, што го прави ова јаткасто овошје одличен избор за одржување на оптимално здравје.
Внимавајте што купувате
Кога купувате костени, изберете плодови кои имаат сјајна површина и без видливи оштетувања на лушпата. Масата на костенот треба да одговара на неговата големина. Избегнувајте костени кои испуштаат шуплив звук кога ќе ги протресете.
Откако ќе ги купите, чувајте ги на темно и ладно место за да ја зачувате нивната свежина.
Уживањето во печени костени, покрај задоволство за непцето, може да биде и вистински подарок за вашето тело, обезбедувајќи му бројни хранливи материи и здравствени придобивки кои не треба да се занемарат во оваа есенска сезона.