Сокот од целер спречува ширење на малигните клетки

Фото: Pixabay
262

Истражувањата покажале дека редовното консумирање на целер го намалува ракот на дојка за 19%, ракот на јајници за 20%, a ракот на бели дробови дури за 60%.

Целерот е одличен извор на влакна, калциум, магнезиум, фосфор, витамин Б и Б6, витамин Ц и

многу други минерали. Содржи многу малку заситени масти и холестерол. Во исхраната се користат

коренот, стебленцата и листовите. Претставува задолжителен дел од супите, салатите, чорбите и

варивата, а сушеното семе од целер се употребува како посебен зачин.

Како да одберете добар целер?

Прво коренот треба да биде цврст, а стеблото свежо и крцкаво, без траги на сушење и скапување.

Со стоењето целерот ги губи нутритивните состојки, па затоа не го купувајте исечен туку

исклучиво свеж. Водете сметка и за тоа неговите листови да бидат со светло зелена боја.

Целер можете да најдете во текот на целата година, иако е најдобар во есен. Коренот на целер

може да стои и до 7 недели на температура помеѓу 0 и 2 степени, додека стеблото можете да го

чувате максимум 1 недела, а потоа ја губи хранливата вредност.

Бенефити од сокот од стебленцата на целерот

Лековитоста на овој зеленчук е одамна позната. Луѓето го одгледувале затоа што сметале дека го

јакне имунитетот. Сега, сокот од целер е еден од водечките трендови кога станува збор за здравиот

начин на живот.

Еве рецепт за една чаша од овој здрав напиток:

220 г исечкани стебленца целер

Вода

Приготвување:

Измијте го и исчистете го целерот, ставете ги исечканите парченца во соковник и додадете малку

вода.. Остатокот од целерот по правењето на сокот, можете да го додадете во смути.

Најдобро е секој ден на празен стомак да пиете околу 2 дцл свеж сок. Потрудете се да не додавате

други состојки во сокот. Пред да појадувате почекајте 15 минути.

Ако на почеток тие 2 дцл ви изгледаат премногу, почнете со помала количина или комбинирајте го

целерот со други здрави намирници. Иако, најголема корист се добива ако се консумира

самостојно. Освен наутро, можете да го пиете и попладне, после ручекот.

Сокот од целер го намалува ризикот од појава на рак

Меѓу бројните совети за борба против рак се наоѓа и оној дека сировиот зеленчук е најдобар за

секој вид на лекување. Предводник меѓу нив е целерот. Оваа билка содржи 18 различни

антиканцерогени соединенија кои ги неутрализираат канцерогените од цигарите и другите предизвикувачи на рак.

Редовното консумирање на сок од целер спречува ширење на малигните клетки.

Уште една поволност од лутеолинот е таа што ги потиснува гените кои се поврзани со растот на

ракот, а истовремено ја намалува распространетоста на крвните жили околу туморот што потоа

предизвикува одумирање на канцерогените клетки. Во тоа му помагаат и ацетилениците и

фоноличната киселина.

Истражувањата во Холандија покажале дека апигенинот кој влегува во состав на целерот и

магдоносот го запира растот на два вида клетки кои се јавуваат при рак на крвта, поточно

леукемија. Како еден од најважните бенефити на целерот се истакнува неговата благодет во

превенција од развој на рак на дебело црево и желудник. Исто така, истражувањата покажале дека

редовното консумирање на целер го намалува ракот на дојка за 19%, ракот на јајници за 20%,

a ракот на бели дробови дури за 60%.

Го подобрува имунитетот

Богатството со витамин Ц ги прави целерот и сокот од целер едни од најдобрите сојузници за

силен имунитет. Ги намалува симптомите на настинка, па се препорачува да се консумира кога сте

болни или настинати.

Освен витамин Ц, за зачувување на одбранбената моќ на организмот е заслужна и сустанцијата

кумарин.

Еве кои се другите придобивки од сокот од целер.

Го намалува ризикот од Алцхајмер.

Неодамна спроведеното истражување покажало дека лицата кои пијат сок од стебленца целер

барем 3 пати неделно имаат 76 отсто помал ризик од настанување на Алцхајмер. Имено, оваа билка

е богата со лутеолин – флавоноид кој произведува природно противвоспалително дејство кое

спречува болести на мозокот, ги подобрува неговите когнитивни функции, а го штити и го

поттикнува помнењето.

Ги ублажува хроничните воспаленија

Полиацетиленот од целерот е неверојатно средство за подобрување на воспаленијата, како што се

артритис, остеоартритис, астма, ревматизам и бронхитис. Неговите антиинфламаторни својства

помагаат да се намали отокот при лекување на болни зглобови додека истовремено се релаксираат

мускулите. Покрај тоа, целерот го намалува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и

дивертикулоза.

Тој е богат со витамин К.

Истражувањата покажаа дека витаминот К, добиен од растенијата, е еден од најефикасните во

заштитата од остеопороза и фрактури или напукнувања на коските. Овој витамин дозволува да се

акумулира калциумот во коските и го спречува формирањето на остеокласти или клетки кои

ја разградуваат коската

Сиптоми на недостаток на витамин К можат да бидат: крварење од нос, долги крварења при

повреди, рани кои бавно зараснуваат, а кај жените се јавуваат и како силни крварења во текот на

менструалниот циклус. Ако забележите слични симптоми кај себе, ете причина да почнете со

секојдневно внесување на природен сок од целер.

Освен заради витаминот К, а за слични цели, овој лиснат зеленчук се препорачува затоа што содржи и други минерали кои ги градат коските, а меѓу нив се: магнезиум, калциум, бор, фосфор и други.

Го намалува и го регулира крвниот притисок

Фармацевтите научно докажале дека високиот крвен притисок се намалува за 14 отсто после само

неколку недели консумирање сок од целер. Доколку имате проблеми со висок крвен притисок,

сокот од целер е еден од најделотворните начини да го снижите.

Материите од целерот помагаат за опуштање на мускулите околу крвните садови, ширејќи ги и

овозможувајќи полесен проток на крвта низ нив. Освен тоа, фталидите кои влегуваат во состав на

целерот, го намалуваат нивото на кортизол, хормонот на стрес, кој предизвикува стеснување на

крвните садови. За третман на висок притисок се препорачува дневно да пиете по една чаша сок од целер или да изедете 4 стапчиња целер.

Поволно делува на кожата

Ако имате проблем со акни на лицето или имате проблеми со кожата, редовното консумирање на

сок од целер ќе ви помогне во таа борба. Целерот е богат со минерали кои го поттикнуваат

зачувувањето на цврстината и еластичноста на кожата, како и со витамини Ц и Б кои значително

придонесуваат за нејзиното здравје.

Сокот од целер ќе ви помогне да се ослободите од несаканите акни, а освен за кожата, поволен е и

за здравјето на косата и очите.

Го снижува холестеролот

Лабораториските истражувања на Универзитетот во Чикаго докажале дека хемиското соединение

од целерот помага за намалување на нивото на холестерол дури за 7 пати и тоа ако пиете сок од

стебленца целер само 4 пати неделно.

Покрај тоа, тој помага во лачење на жолчна киселина која го отстранува холестеролот од телото.

Меѓутоа, мора да бидете трпеливи и упорни затоа што резултатот знае да се покаже дури после 8

недели.

Го намалува ризикот за чир на желудник

Неодамна спроведените истражувања покажале дека целерот повеќе од поволно делува на

намалување на чирот на желудникот, како и на бактериите кои го предизвикуваат. За третирање на

чирот, се советува секој ден да се пие сок од целер, но и да се јаде свеж.

Добар е за варењето

Сокот од стеблото на целер ја зајакнува хлороводородната киселина во телото која е одговорна за

варењето. Кога јадете, храната оди до вашиот стомак и се разредува со хлороводородна киселина.

Меѓутоа, ако нивото на хлороводородна киселина е надвор од рамнотежа или е многу ниско,

храната во желудникот нема да биде доволно сварена, туку ќе се таложи предизвикувајќи појава на

лоши киселини.

Една чаша сок од целер наутро на празен стомак, ќе ви помогне да ја сварите храната што ќе ја

консумирате во текот на денот. Специјалните хранливи состојки на целерот помагаат на

подвижноста на цревата, што го прави природен лаксатив. Помага за ослободување од надуеност и

запек.

Го одржува здравјето на уринарниот систем

Една од придобивките од овој сок што не смееме да ја пропуштиме е нејзиниот диуретичен ефект.

Целерот му помага на телото да ги ослободи токсините од организмот, а тоа подразбира и кршење

на камењата во бубрезите или во жолчката. Сокот од целер изобилува со калиум и натриум кој го

стимулира производството на урина, ги намалува нивоата на мокрачна киселина и му помага на

телото да се ослободи од вишокот на течност.

Покрај тоа, обезбедува правилно функционирање на бубрезите и мочниот меур, и го намалува

размножувањето на бактериите. Ако страдате од чести инфекции на уринарниот тракт, започнете

со редовна конзумација на сок од целер. Маслото од целер делува и против Ешерихија коли.

Го ублажува менструалниот циклус

Сокот од целер им помага на жените кои имаат нередовен циклус, а помага и при лекување на

инфекции на репродуктивниот систем.

Помага за слабеење

Ќе ви звучи неверојатно но целерот содржи материи кои во рганизмот предизвикуваат регулирање

на шеќерот во крвта, па ја гасат елбата за благо. Богатството со влакна ја намалувапотребата за

прејадување, а високиот процент на вода помага за побрзо чувство на ситост.

Големиот процент на вода го прави целерот идеална летна храна која може да му овозможи на

телото потребна количина на течност. Покрај тоа, оваа билка е ниско калорична. Дали знаевте дека

во 100 грама целер има само 7 калории, па дури и 320 милиграми магнезиум? Неверојатно, нели?

Само поради ниската содржина на калории, целерот е одличен како закуска, или ужинка, помеѓу

оброците за време на диетата. Обезбедува важни хранливи материи кои го регулираат

метаболизмот на мастите.

Одличен е како алтернатива за антидепресиви

Бидејќи е богат со магнезиум, калиум и калциум, сокот од целер делува смирувачки на нервниот

систем, со што се намалува стресот и помага во борбата против анксиозноста. Дури Хипократ

го препишувал сокот од целер на пациенти со потешкотии во нервниот систем.

Недостатокот на магнезиум може да предизвика многу здравствени проблеми, вклучувајќи ги и

тешкотиите за релаксација и спиење. Затоа, сокот од целер често се препорачува за луѓе кои

страдаат од несоница.

Сокот од целер го подобрува и сексуалниот нагон, ја враќа енергијата, го освежува здивот.

Несакани ефекти

Иако има многу бенефити, сокот од целер не им се препорачува на сите. Целерот може да

предизвика алергиски реакции, па ако сте алегични на див морков, бреза, невен или црн пелин,

голема е веројатноста дека сте алергични и на целер. Ако не сте сигурни, обрнете внимание на

појавата на симптомите на алергија како отежнато дишење, чешање, отекување на усните и јазикот

и слично.

Исто така, сок од целер не им се препорачува на трудниците и на доилките. Претерана количина на

целер може да предизвика грчеви на матката и абортус. Ако имате закажано операција, немојте да

пиете сок од целер најмалку две недели претходно.

За сите докажани бенефити од целерот на нашиот организам пишува и зборува авторот од Њујорк Тајмс, Ентони Вилијам, чии написи можете да ги читате на неговиот портал www. celeryjuice.com.