Апликација за набавка на поевтина храна

Фото: Pexels
43

Crumbs е прва апликација за продажба и купување на вишок храна во Хрватска, додека во некои други земји вакво решение веќе постои. Нејзината цел е да го намали отпадот од храна, бидејќи производите како на пример, стар леб се повлекуваат од продажба.

Мобилната апликација Crumbs на Хрватот Антонио Матушан, ќе биде win win решение (што значи дека сите добиваат) за трговците на мало и за купувачите.

На едните ќе им нуди продажба на производите што инаку би ги фрлиле, а на другите, сè уште исправни производи по одлична цена.

Клучното е што стоката нема да се продава поединечно, туку во пакети, а таков модел веќе добро функционира во други земји.

Повеќе од 50 различни локации за продажба на храна во Загреб веќе се приклучиле на проектот Crumbs, кој сака да ги поврзе трговците на мало со вишокот непродадена храна и клиентите кои можат да ја добијат со попусти од 50 проценти и повеќе.

Веб-страницата на проектот Crumbs.hr е отворена и ги собира заинтересираните продавачи.

Авторот на проектот, Антонио Матушан, изјавил за Форбс Хрватска дека подоцна ќе може да се купува преку веб-страницата.

Пакети на изненадување

Тоа е прва апликација за продажба и купување на вишок храна во Хрватска, додека во некои земји вакво решение веќе постои. Нејзината цел е да го намали отпадот од храна, бидејќи производите како на пример, стар леб се повлекуваат од продажба.

Непродадената храна нема да се продава поединечно, туку во пакети.

Содржината на пакетот ќе биде непозната бидејќи продавниците до последен момент не можат да знаат што ќе остане како вишок. Ако, на пример, се работи за пекара, описот на пакувањето може да биде, на пример, „Сладок крамб“, бидејќи ќе содржи нешто од „слатката понуда“ како крофни, кроасани и слични производи.

Бизнис моделот е – очекувано – провизија што ќе ја земаат за секој продаден пакет. Матешан вели дека таа ќе биде симболична, а првиот месец воопшто нема да ја има.

Во понудата ќе бидат вклучени сите видови храна која е потенцијално расиплива, поради што треба да се распродаде до одреден датум.

Продавачи може да бидат, на пример, пекари, продавници за храна, ресторани, пилјари, месарници и цвеќарници. Времето за преземање ќе зависи од самите продавници, но претпоставката е дека тоа ќе биде главно на крајот на работното време.

По Загреб, проширување во Хрватска и регионот

Матушан вели дека плаќањето ќе се врши преку апликацијата, а на прашањето што ќе се случи доколку клиентот дојде во продавница да го подигне пакетот, а тој повеќе не е достапен, одговара дека ќе се прави поврат на средствата.

Вели дека во моментов имаат околу 50 договорени локации, но сѐ уште активно работат на проширување. Тој верува дека многу брзо ќе ги има 100-200. До крајот на годината сакаат да го покријат цел Загреб, па ќе следи проширување и во други хрватски градови, а потоа се планираат и оние во регионот. Бидејќи апликацијата е скалабилна, проширувањето не треба да биде проблем. Зад неа е тим од 10 луѓе кои веќе работат на понатамошно проширување.

Матешан ги поканува сите заинтересирани трговци, ресторани и други претприемачи во Загреб да се приклучат. Тој посочува дека можат да ги зголемат приходите со паметно решавање на вишокот храна.

На идеја да креира апликација за хрватскиот пазар дошол кога ја видел апликацијата Too Good To Go во Милано, каде што студирал.

Водечката апликација од овој тип има 95 милиони корисници

Моделот со пакети за изненадување очигледно е преземен од таа апликација.

Преземен е повеќе од 50 милиони пати на Google Play и има солидна оцена од 4,8. На App Store оценката е 4,9.

Too Good To Go се промовира како најголем таков пазар за храна во светот, а беше лансиран во Копенхаген во 2015 година. Една година подоцна, тие се проширија во Норвешка, Велика Британија и Франција.

После тоа, основачката на Ендомонд, Мете Лике, инвестирала во апликацијата, која обезбедила средства за понатамошно проширување и дополнителен кредибилитет.

Во 2017 година, таа станала извршен директор. Too Good To Go моментално е присутно во 18 земји во Европа и Америка. Тие тврдат дека имаат 95 милиони регистрирани корисници и 160.000 активни партнерски продавници.

Целта на многу автори на мобилни апликации е да развијат апликација за голем светски пазар – но тоа не е воопшто лесно. Алтернатива е да се почне копија за пазари каде што сè уште не е присутна. Американски Форбс наведува дека Too Good To Go имал 102 милиони евра приход во 2022 година. Но, дури во 2023 стана профитабилна на месечна основа.