Потпечени брокули и карфиол со бешамел сос и кашкавал

Фото: Freepik
197

Еве еден брз и вкусен рецепт за денешниот ручек за сите обожаватели на зеленчук, но и на богати и кремасти вкусови

Состојки:

300 г брокули

300 г карфиол

250 мл супа од зеленчук или од пилешко месо (можете да ја ставите водата во која се варат брокулата и карфиолот)

250 мл млеко

50 г путер

50 г брашно

Сол и црн пипер (по вкус)

Прстофат морско оревче (по желба)

Лукче

150 г кашкавал (рендан)

Приготвување:

Поделете ги брокулите и карфиолот на цветови и варете ги во посолена вода околу 5-7 минути додека не омекнат малку. Потоа, исцедете ги (зачувајте ја водата) и ставете ги настрана.

Направете бешамел сос:

Во тенџере стопете го путерот на средна температура и пропржете го лукчето. Додадете го брашното и мешајте постојано додека не добие златна боја (околу 2 минути). Полека додавајте ги водата и млекото, мешајќи за да не се направат грутки. Мешајте додека сосот не се згусне. Зачинете со сол, црн пипер и морско оревче.

Наредете ги брокулите и карфиолот во намрсено тавче за печење. Прелијте ги со бешамел сосот.

Одозгора наросете рендан кашкавал.

Печете во загреана рерна на 200°C околу 20-25 минути додека кашкавалот не добие златна кора.

Послужете додека е топло!