Дуња, колку тоа романтично звучи!

Фото: Unsplash
150

Дуњата е вистинска витаминска бомба и има многу здравствени придобивки, но уште повеќе придобивки има од нејзините семки. Тие содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Чајот од семки од дуња помага и во ублажување на стресот и несоницата.

Дуњата – во митологијата е симбол на љубовта, среќата, убавината, неминливоста… Убаво е кога ја имате дома и кога го чувствувате тој нежен мирис. А да не зборуваме за мирисот кој ќе ве преплави додека правите компот или слатко од дуњи.

Дуњите се најголема асоцијација за есента, а од нив можете да направите навистина многу деликатеси.

Тие се полни со витамини А и Ц, како и со антиоксиданти, содржат магнезиум, фосфор, калиум и витамини Б комплекс (B3, B6 и B9). Делуваат антибактериски, добри се за варењето, срцето, крвта и за подигање на имунитетот.

Здравствени придобивки

Дуњата е вистинска витаминска бомба. Освен минимално количество на калории и масти, богата е со протеини, јаглени хидрати, диетални влакна, а содржи и многу танински материи и пектин.

Од витамини поседува најголемо количество на витамин Ц, но и големо количество на каротени (провитамин А), витамини Б1 и Б2 како и нијацин. Богата е со бакар, калиум, калциум, магнезиум, натриум, железо, сулфур и хлор.

Семките од дуња содржат дури 15 отсто масла и големи количества од важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој што има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со масти, танин, пектин, шеќери и јаболкова киселина.

Благодарение на високиот процент на слуз, семките од дуња ја негуваат и хидрираат и кожата. Тие го регулираат процесот на природна хидратација, помагајќи ѝ на кожата да ја задржи влажноста. Како резултат на тоа, тие стануваат се почеста состојка во козметичката индустрија. Се препорачуваат како еден од најдобрите лекови против декубитис, изгореници, испукана кожа, чешање и како облога за воспалени очи.

Рецепт за чај од семки

Чајот од семки од дуња помага во ублажување на стресот и несоницата. Помага и при воспаление на усната шуплина и ждрелото и како ослободувач од болка. Ставете една лажичка семки во вода преку ноќ. Загрејте ја пред консумирање и пијте три шолји дневно. Истиот чај, но не загреан, користете го за проблеми со кожата како локален лек.

Лековити се и плодовите и листовите на дуњата, а особено сирупот и сокот. Благодарение на танините и слузта поволно делуваат на работата на цревата и спречуваат инфективни болести.

Сокот од дуња лекува кашлица, астма и диареја, додека печена или варена дуња се препорачува за анемија, но и за лекување на воспалението на желудочната и цревната слузокожа. Дуњата се употребува и за лекување на суво ждрело, крајници, дишни патишта, како и за ублажување на обилните менструации. Чајот од семки од дуња лекува несоница, ја ублажува напнатоста и го отстранува непријатниот здив, додека слузот од семките лекува изгореници и рани.
Сирупот направен од дуњи е корисен против дијареа, а интересно е и тоа дека во минатото семките се користеле во народната медицина против дизентерија и гонореја. Исто така, кога семките ќе ги потопите во вода добивате специфична слузава течност која е одлична за воспалена кожа, но ако земете една лажица од неа можете да си олесните и некои проблеми со варењето. (Не ги јадете самите семки затоа што можат да бидат токсични ако ги земате во поголеми количини).

За десерт, наместо јаболка и круши

Зрелите дуњи можете да ги чувате на плакар и вашата куќа прекрасно ќе мириса, но во фрижидер можете да ги чувате и до 14 дена. Можете да ги јадете сирови, но имаат прилично горчлив вкус и тешки се за џвакање. Со варењето овие лоши страни се елиминираат, а дуњите го задржуваат ароматичниот прекрасен мирис и благотворните својства. Со шеќер и мед можете од дуњите да направите преубави џемови и желеа.

Во рецептите можете да ги користите наместо јаболка и круши, само измијте ги со ладна вода, отстранете го централниот дел и семките и исечете ги на кришки. Ставете од нив и кога правите пекмези од јаболка затоа што имаат поголема количина пектин. Кога правите пита од јаболка, додајте и дуњи (заменете 1/3 од јаболките со дуњи).

Нашиот омилен рецепт е овошното сирење од дуњи, ама и слаткото.

Еве го рецептот за сирење од дуњи:

Состојки:

2 кг исчистени дуњи,

600 гр шеќер,

1 лимон.

Приготвување:

Дуњите измијте ги, излупете ги, исечете ги на половина, исчистете ги од семките, исечете ги на коцки и варете ги во вода додека да омекнат.
Пропасирајте ги и варете ги на тивок оган уште 15 минути. Потоа додадете ги сокот од лимон и шеќерот и продолжете да готвите со постојано мешање уште 30 минути.
Топлата смеса истурете ја во соодветните калапи кои претходно сте ги премачкале со масло.
Добро изладете, извадете го сирењето од калапот и исечете го.
Послужете го со исчистени половинки од орев.