Мушмулите дозреваат во зима, а од нив можете да направите сѐ, па дури и џем и ликер

Фото: Pexels
89

Мушмулите се вкусни, богати со различни минерали, влакна, пектини и јаглехидрати, а поради својата хранлива вредност, се исклучително корисни за човечкото тело.


Овие кисело-слатки плодови созреваат кога ќе залади, а се подготвени за јадење од втората половина на октомври до крајот на декември.

Најчесто се јадат свежи, но од нив може да се подготви и домашен џем и ликер.

Мушмулата содржи бројни витамини; Б1, Б2 и Б3, Ц и А. Покрај тоа, содржи минерали како калциум, калиум, магнезиум, како и диетални влакна, железо, јаглени хидрати, масти и протеини.

Многубројните хранливи својства ги олеснуваат болестите

Во природата мушмулата расте како грмушка висока од два до пет метри. Зреењето на плодовите од мушмула зависи и од сортата, времето на берба и начинот на складирање. Треба да се спомене дека плодовите се повкусни за јадење по замрзнувањето бидејќи ја губат својата трпкост.

Мушмулата уште одамна се одгледува во многу земји, а потекнува од Кавказ. Оттаму се проширила на Крим и Северен Иран, а потоа во сите други медитерански земји. Може да се најде и во потоплите делови на Северна Америка, пишува healthbenefitstimes.com.

Освен за џем и за ликер, од мушмулата може да се направи мармалад, желе, сируп и кандирани плодови. Мушмулата има бројни хранливи својства кои ги олеснуваат болестите и тешкотиите како што се оние со варењето и хемороидите.

Познато е дека диеталните влакна помагаат во балансирање на варењето и работата на цревата, а мушмулата е особено богата со нив. Исто така, ја смируваат инфекцијата на усната шуплина, ја намалуваат телесната температура и неправилностите во менструалниот циклус.

Од мушмула се подготвува и чај
Мушмулите се богати со железо, кое е клучен дел од протеинот на хемоглобинот кој ѝ дава темноцрвена боја на крвта, го транспортира кислородот до клетките и е од суштинско значење за луѓето. Исто така, неопходен е за мускулното ткиво бидејќи без него ја губат еластичноста и тонусот, а мускулната слабост може да биде знак за анемија.

Диететските влакна содржани во мушмулата помагаат не само во варењето, туку и во регулирањето на концентрацијата на лошиот холестерол и шеќерот во крвта.

Исто така, долгорочното консумирање на храна богата со растителни влакна може да помогне да се спречи развојот на хронични болести како што се дијабетес или срцеви заболувања.

Помалку познат факт е дека покрај свежите мушмули, многу корисен е и чајот од мушмула.

Друго помалку познато овошје од кое се прави чај е јапонското јаболко.

Чајот од мушмула се прави такашто така што една лажица здробен незрел плод се покрива со врела вода и се остава да отстои половина час. Ваквиот цеден чај е корисно да се пие два до три пати на ден во случај на дијареа, а може да се користи и за плакнење на устата доколку дојде до крварење на непцата.