Направете сами овесно млеко

Фото: Pexels
54

Рецептот за напиток од овес е едноставен и ви треба само половина час за да го направите. Можете да го користите за исти цели како и индустрискиот, но во домашната верзија ќе нема шеќер ниту адитиви.

„Млекaта“ од растително потекло се доста популарни во диетите, а полиците на супермаркетите се полни со индустриски: направени од соја, бадеми, ориз, овес…

А зошто да не си направиме домашна верзија од, на пример, овесно млеко?

Рецептот за напиток од овес е едноставен и ви треба само половина час за да го направите. Можете да го користите за исти цели како и индустрискиот, но во домашната верзија ќе нема шеќер ниту адитиви.

Состојки:
1 шолја крупни овесни снегулки
1200 мл вода (1,2 литри)
цимет во прав или ванила по желба
Подготовка:
Овесните снегулки прелијте ги со 600 мл вода, оставете да отстојат 25 минути. Потоа истурете ја оваа вода и ставете ги другите 600 мл вода. Изблендирајте во блендер, а потоа процедете низ газа или цедалка неколку пати. Можете да додадете цимет во прав или ванила, по желба.