5 намирници кои природно ја „потиснуваат“ желбата за слатки

Фото: Unsplash
74

Човечкото тело работи како автомобил – ставате бензин во резервоарот и возите. Но, ако телото не го добие горивото што му е потребно, тогаш се јавува силна физичка желба.

Слатките се желба за многумина, а причините за тоа се делумно физиолошки, делумно психолошки, а делумно поради околината во која живееме, сметаат нутриционистите.

Човечкото тело, објаснуваат тие, работи како автомобил – ставате бензин во резервоарот и возите. Но, ако телото не го добие горивото што му е потребно, тогаш се јавува силна физичка желба.

Слатките нè прават среќни.
Во текот на денот, на нашето тело му е потребно „гориво“ кое се состои од избалансирана количина јаглехидрати богати со растителни влакна, посни протеини и масти здрави за срцето. Но, желбата за шеќер или солена храна може да биде толку силна што предизвикува зависност.

Според експертите, ова се случува затоа што храната има добар вкус.

Нашите мозоци се програмирани да уживаат во работите што нè прават среќни. Шеќерот, на пример, ослободува супстанции како серотонин, кои нè прават да се чувствуваме добро. Овој процес нè става во ситуација каде што сакаме да го доживуваме тоа добро чувство одново и одново, ден по ден. Многу луѓе велат дека се „зависници од шеќер“, дека консумираат шеќер во различни форми, но дека слатките се на прво место, објаснува Ана Тејлор, диететичарка од Кливленд Клиник (Cleveland Clinic), потсетувајќи нè дека некои слатки јадења и пијалаци создаваат неверојатна зависност бидејќи предизвикуваат ослободување на допамин – хормон што се лачи во мозокот кога се наградуваме себеси со нешто.

5 намирници кои ја намалуваат желбата за слатки
За контрола на внесот на шеќер, експертите се фокусирале на храна што може да помогне со намалување или запирање на желбата за шеќер и слатки. Меѓу храната што може да ја потисне желбата за слатки, овошјето и зеленчукот се најчести.

Домати
Доматите се нутритивен „суперхерој“ и една од најдобрите намирници што треба редовно да ги јадете ако сакате да ги намалите желбите за шеќер. Заедно со зелената салата и кромидот, доматите се на врвот на листата на храна најбогата со хром, а тие се и одличен извор на серотонин, што е одлична вест бидејќи студиите покажуваат дека недостатокот на серотонин може да предизвика желба за слатки.

Јаболка
Старата поговорка вели „едно јаболко на ден го држи докторот подалеку“. Но, дали знаевте дека јаболката можат да ја намалат и вашата желба за слатки? Јаболката содржат пектин, вид на диететски влакна, кој нè одржува сити подолг временски период. Високата концентрација на пектин, исто така, придонесува за фактот што јаболката имаат низок гликемиски индекс во споредба со повеќето други овошја. Бидејќи поголемиот дел од пектинот се наоѓа во кората на јаболкото, најбезбедно е да се јадат нелупени, домашни или органски јаболка.

Зелена салата
Јадењето зелена салата може да помогне во контролата на желбата за шеќер поради високата концентрација на хром, минерал кој игра важна улога во стабилизирањето на нивото на шеќер во крвта. Во некои случаи, желбата за шеќер е едноставно резултат на недостаток на хром. Физички активните луѓе, луѓето кои пијат многу кафе или чај и, интересно, луѓето кои консумираат големи количини шеќер имаат зголемен ризик од недостаток на хром.

Јајца
Јајцата се одличен извор на витамини од Б-комплексот, кои се познати по нивната способност да ја контролираат желбата за слатка храна. Тие се богати со протеини, кои генерално помагаат во контролата на желбата за храна и спречување на прејадувањето. Веројатно најдобриот начин да вклучите јајца во вашата исхрана е да ги јадете за појадок. Истражувањето спроведено во Центарот за дебелина во Рочестер покажало дека јадењето јајца за појадок може да го ограничи внесот на калории во остатокот од денот за повеќе од 400 калории.

Цимет

Циметот има извонредни својства што можат да ја „потиснат“ желбата за благо. Само половина лажичка цимет дневно се покажала како многу ефикасна во нормализирањето на нивото на шеќер во крвта и намалувањето на желбата за храна. Главната активна состојка во циметот е халконоид, за кој се смета дека го засилува ефектот на инсулинот. Циметот, исто така, спречува скокови на шеќерот во крвта по оброците со забавување на стапката на празнење на желудникот, што значи дека храната останува во желудникот подолго.