Здрави грицки: Интегрални крекери со многу семки
За сите оние кои сакаат да грицкаат, но и да се хранат здраво, овие домашни интегрални крекери се навистина одличен избор
Кога ќе ве фати криза и сакате нешто да грицкате, имајте го на ум овој рецепт. Секако, не мора да се придржувате стриктно до нашиот рецепт, дајте си слобода да импровизирате и да си го прилагодите на вашиот вкус.
Состојки:
1 шолја кисела вода (некои ставаат пиво, ама ние си го зачувавме пивото за да го испиеме додека ги грицкаме вкусните крекери)
100 мл маслиново масло
1/2 кесичка пециво
500-600 г интегрално брашно
лажичка сол
100 г сончоглед
50 г сусам
50 г семки од тиква
100 г ленено семе (мелено)
1 кесичка ким
2 лажици чиа семе
1 лажица црно семе
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки и постепено додавајте го брашното. Тестото треба да е средно меко и мрсно. Поделете на два дела и расукајте кора од секој дел. Сечете или вадете форми со модли, редете ги на хартија за печење во тепсија и печете ги во загреана рерна на 180 степени С околу 15 минути.
Одлични се со пестото од коприви.
