Виновиот лист помага кај реума, дијареја и женски болести: Како да се приготви чај и како да се направат облоги?

Фото: Pexels
37

Кога користите листови од винова лоза во која било форма, треба да внимавате да не останат траги од хемикалии на листовите – најдобро е да ги потопите во вода со малку сода бикарбона

Листовите од винова лоза се ризница на разни витамини и уште еден начин да се искористат придобивките од грозјето. Примената е широка, а ефикасноста конкретна, велат искуствата на оние кои знаат многу за тајните на природната медицина.

Што содржи листот од грозје

Листовите од грозје се богати со витамини Ц, Е, А, Б група (особено Б6), железо, магнезиум, калциум, бакар, рибофлавин. Исто така, постои значителна количина на ниацин, влакна, фолна киселина и манган.

Не треба да заборавиме дека во контекст на исхраната, листовите од винова лоза се популарни и се деликатес. Кај нас се најпопуларни сармичките од лозов лист во месна и во посна варијанта.

За кои состојби е ефикасен лозовиот лист?

Листот од лоза се користи уште одамна за лекување на дијареја. Исклучително е ефикасен при обилно менструално крварење, крварење од матката поради фиброиди и полипи и вагинален исцедок.

Помага при ревматизам, но и како превенција – не само како лек, за гихт и за подобрување на циркулацијата. Лозовиот лист го намалува воспалението во вените, ја стабилизира ендотелната обвивка на капиларите и го намалува отокот на зглобовите. Исто така, помага при повраќање.

Искуствата на нашите баби велат дека течноста од лозов лист е добра за отстранување на лишаи на кожата, за псоријаза и против првут. Тоа е еден од најдобрите природни лекови за нега на кожата. Сокот исцеден од стеблото на лозата е ефикасен во лекувањето на уморни и отечени очи (очни капаци).

Листот од лоза има исклучително силен антиинфламаторен ефект. Познато е дека хроничното воспаление е причина за многу сериозни болести, од кардиоваскуларни, малигни и заболувања на дигестивниот систем, до Алцхајмерова болест и артритис.

Истражување за тоа како состојките од виновата лоза влијаат на некои хронични едеми

Според студија од 2010 година спроведена од Одделот за дерматологија на Универзитетот во Фрајбург, билни екстракти од винова лоза можат да помогнат во намалувањето на отокот кај пациенти со хронична венска инсуфициенција. Тие имаат проблем со враќањето на крвта од нозете назад во срцето, а кога крвта има тешкотии да се врати во срцето, нозете отекуваат и се јавува едем. И други студии се занимавале со испитување на корисните својства на листовите од грозје.

Облоги од винов лист

Намачкајте малку вазелин на чисти нозе и ставете лозов лист на местата каде што имате проблеми. Потоа ставете пластична фолија над листот. Оставете го да делува 20-30 минути.
На крајот, исплакнете со ладна вода и нанесете крема за вени.
Облозите од листови од винова лоза се нанесуваат еднаш или двапати неделно. Доброто кај нив е што веднаш го намалуваат отокот и ги смируваат пецкањето и болката.

Чај од лозов лист
Чајот од лозов лист се користи како лек за ревматизам, гихт, повраќање.

Американците користат чај од лозов лист против дијареа, хепатитис и стомачни болки.
Подготовка на чај:

2 дцл вода
една лажица сушени лозови лисја
Се вари и се остава да отстои 10-15 минути, се пие три пати на ден три недели.
Доколку сакате да ги исушите лозовите лисја, тоа се прави на традиционален и доста вообичаен начин.

Кога ќе ги соберете листовите, распостелете ги врз крпа или хартија, во просторија која е добро проветрена, а не на директна сончева светлина. Не дозволувајте листовите да се допираат едни со други.

Листовите мора добро да се исушат за подоцна да не мувлосаат. Времето на сушење е индивидуално и зависи од условите и температурата.

Може да трае од неколку дена до две недели. Сувите листови се чуваат во хартиени кеси, на ладно и темно место.

Кога користите листови од винова лоза во која било форма, треба да внимавате да не останат траги од хемикалии на листовите – најдобро е да ги потопите во вода со малку сода бикарбона