Овие колачиња ги најдовме под името One Calorie Cookies. Иако веројатно немаат баш 1 калорија, го добиле своето име поради нивниот нискокалоричен состав.
Сигурни сме дека сите сте слушнале за Павлова торта и веројатно е на листата на омилени десерти за многумина. Лесната и крцкава текстура на безе кората (кора од белки и шеќер) совршено се вклопува со разни нежни кремови, шлаг и овошје. Сепак, овој пат фокусот не е на Павлова, туку на меренг колачиња (Меренг/Meringue се однесува на шне, односно, на матени белки со шеќер, печени или сушени).
Исто како и корите од Павлова, овие колачиња се лесни и крцкави, направени од изматени белки од јајца и шеќер. Имаат воздушеста и мека текстура и се печат на ниска температура за да се исушат и да останат бели, наместо да се печат и да добијат златно-кафеава боја.
Рецептот за таканаречените колачиња со само една калорија ќе го најдете подолу.
Колачиња со една калорија
Овие мини меренг колачиња се десерт кој, поради нивната големина, се и идеална закуска.
Лесни се за обликување и правење, потребни се 4 состојки за подготовка и можат да бидат класични или збогатени со некој вкус.
Сепак, за да можеме да уживаме во овие колачиња за грицкање колку што сакаме, еве ја нивната ултра нискокалорична верзија. Иако веројатно немаат баш 1 калорија, го добиле своето име поради нивниот нискокалоричен состав. Колачињата се прават со белки од јајца, ванила, прашок за пециво и нискокалоричен засладувач или замена за шеќер.
Рецепт за колачиња со една калорија
Состојки:
4 белки од јајца
1/4 лажичка вински прашок за пециво (вински камен)
1 лажичка екстракт од ванила
1/3-2/3 шолја замена за шеќер*
*колку повеќе додавате, толку послатки, но и потврди ќе бидат
Постапка:
Матете ги белките од јајца, прашокот за пециво и ванилата додека не се појават меурчиња.
Полека додавајте го засладувачот додека не добиете фина и сјајна смеса.
Префрлете ја смесата во кеса за тесто и истиснувајте низ отворот на тепсија обложена со хартија за печење.
Печете на 80-90 степени околу 1 час и 15 минути – целта е да се исушат, а не да се испечат.
Исклучете ја рерната и оставете ги внатре уште неколку часа.
Уживајте!