Овесните снегулки најчесто се користат како основа, секогаш треба да додадете состојка што ќе ја врзе смесата (на пример, путер од јаткасти плодови). Можете да додадете и други состојки по желба: јаткасти плодови, суво овошје, семки, чоколадни трошки, чиа семе. Единствено важно е добро да ги соедините сите состојки, а потоа да формирате топчиња.
Енергетските бомбици се здрави задоволства што се готови за само неколку минути бидејќи не треба да се печат. Можете да ги јадете како десерт, а уште подобро функционираат како ужина, особено по тренинг бидејќи се богати со хранливи состојки што веднаш ќе ви ја вратат енергијата.
Овесните снегулки најчесто се користат како основа, секогаш треба да додадете состојка што ќе ја врзе смесата (на пример, путер од јаткасти плодови). Можете да додадете и други состојки по желба: јаткасти плодови, суво овошје, семки, чоколадни трошки, чиа семе. Единствено важно е добро да ги соедините сите состојки, а потоа да формирате топчиња. Ако забележите дека смесата е леплива за време на подготовката, ставете ја во фрижидер 20 минути, а потоа продолжете со подготовката.
Иако можете да подготвите енергетски топчиња со какви било состојки што ви се допаѓаат, за да ви биде полесно, предложивме три вкусни комбинации. Сите овие топчиња може да се чуваат во фрижидер неколку дена, а дури можете и да ги замрзнете.
Овесни топчиња со путер од кикиритки
Состојки:
2 шолји овесни снегулки
1/2 шолја путер од кикиритки
1/2 шолја чоколадни трошки
1 лажица мед
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во сад и мешајте додека не се соединат, а потоа формирајте топчиња.
Топчиња со брусница и чиа семе
Состојки:
1/2 шолја овесни снегулки
1/4 шолја кокос во прав
1/4 шолја сушени брусници
4 лажици путер од кикиритки
3 урми
1 лажичка чиа семе
1 лажичка вода
1/2 лажичка цимет
Подготовка:
Изблендирајте ги сите состојки во блендер додека не се соединат, а потоа формирајте топчиња.
Топчиња од морков со ореви и кокос
Состојки:
1 шолја рендан морков
1 шолја овесни снегулки
1/2 шолја ореви
1/2 шолја кокос во прав
5 урми
4 лажици путер од бадеми
1 лажичка цимет
Подготовка:
Во блендер, исечкајте ги оревите, потоа додадете ги овесот и урмите и блендирајте додека не добиете текстура што личи на песок. Додадете ги преостанатите состојки, добро измешајте, а потоа формирајте топчиња. Можете да ги извалкате во кокос ако сакате.