Едноставно и вкусно: Семифредо со бобинки

Фото: Freepik
78

Семифредото со бобинки е идеално за деновите кога немате време.

Семифредото со бобинки е идеално за деновите кога немате време. За овој рецепт, можете да користите само еден вид бобинки или повеќе, по ваш избор

Состојки:

250 г јогурт
200 г слатка павлака
150 г бобинки
100 г шеќер во прав
Пишкоти
Бобинки за декорација

Подготовка:

Во сад измешајте ја слатката павлака со шеќер во прав. Додавајте го јогуртот малку по малку, намалете ја брзината на миксерот и продолжете со мешање.

Додајте ги бобинките и нежно измешајте сè со шпатула. Обложете калап за леб со проѕирна фолија. Истурете ја смесата и израмнете ја. Најгоре наредете ги пишкотите.

Ставете го семифредото во замрзнувач најмалку 2-3 часа, во зависност од моќноста на вашиот замрзнувач. Откако ќе се стегне, извадете го од калапот и превртете го на чинија за сервирање.

Декорирајте со бобинки.