Благотворен еликсир за белите дробови

Фото: Pexels
41

За овој здрав и природен лек нема да ви требаат многу состојки, ниту комплицирана подготовка. Направете го ако имате природен мед и оригано, брзо и едноставно.

Можете лесно да направите природен лек со оригано и мед и земajте по една лажица секое утро.
Ориганото е зачин кој ѝ дава на храната специфичен вкус, особено ако уживате во италијанската кујна. Покрај својата единствена арома, ориганото се карактеризира и со бројни лековити дејства, а познато е дека има корисно дејство врз здравјето на респираторниот систем.

И самиот Хипократ го користел ориганото како антисептик, а одличен е и за имунитетот. Има антибактериско дејство, природен диуретик е, го подобрува здравјето на срцето и го детоксицира организмот.

Ориганото често се користи за ублажување на кашлицата и респираторните проблеми при астма и бронхитис, но исто така е одлично за превенција и за зачувување на здравјето на белите дробови и респираторниот систем.

Рецепт за природен лек од оригано и мед:

Наполнете една тегла од литар, до половина со свежи лисја од оригано (ако користите суво оригано наполнете 1/4 од теглата), а остатокот дополнете го со ливадски мед. Добро измешајте за да се соединат и да исчезнат сите меурчиња.

Затворете ја добро теглата и оставете да отстои 30 дена крај прозорецот, односно на светло место со многу сончеви зраци. По 15 дена, свртете ја теглата наопаку за повторно да се соедини сè.

После 30 дена, можете по желба да ги отстраните ливчињата од оригано од теглата. Чувајте ја теглата добро затворена и земајте по една лажица секое утро.