Ако имате брчки, подочници и опуштена кожа, наместо на кремите, обрнете внимание на храната!

Фото: Pexels
532

После 25-тата година телото просечно губи 1,5 отсто колаген годишно. Сепак, недостатокот на колаген можете да го надоместите со правилно консумирање на храна богата со минерали и витамини.

Човечкото тело има способност постојано да синтетизира колаген, кој е неопходен за раст и замена на истрошените ткива и за заздравување и обнова на оштетените ткива. Меѓутоа, со текот на времето, способноста за негова обнова постепено се намалува поради процесот на стареење, трајното преоптоварување на организмот или автоимуните болести.

Во младоста губењето на колагенот брзо се надоместува, но со возраста тоа станува сѐ поизразено и се пресметува дека после 25-тата година телото просечно губи 1,5 отсто колаген годишно. Сепак, недостатокот на колаген можете да го надоместите со правилно консумирање на храна богата со минерали и витамини.

Што е колаген?

Колагенот е протеин кој во основа е градежен материјал на вашата кожа. Ова е и главната причина зошто е една од најефективните „анти-стареечки“ супстанци што можете да му ги дадете на вашето тело и на тој начин да го вратите младешкиот изглед. Особено ако вашите дваесетти се веќе зад вас, бидејќи по дваесеттите вашето тело произведува сè помалку колаген, особено ако ви недостасуваат основните градители.

Знаци на овој опасен недостаток се:

длабоки брчки,

сѐ поопуштена кожа,

темни кругови,

видно опуштени образи,

брада итн.

Затоа е важно веднаш да му помогнете на вашето тело и да се погрижите што повеќе да го забавите процесот на стареење и да го вратите младешкиот изглед. Подолу избравме неколку намирници кои ќе ви помогнат во тоа.

Немасни протеини

Колагенот е најзастапениот вид на протеин во телото, првенствено одговорен за силна и здрава кожа, коса и нокти, а за да има секогаш доволно од него, на телото му се потребни протеини од храната како делови за неговото производство. Протеинот што го јадеме се разложува на аминокиселини за време на варењето, кои потоа повторно се составуваат во колаген. Затоа наполнете ја чинијата со храна богата со протеини и малку маснотии, како пилешки гради или мисирка.

Грашок

Мал, но многу моќен – тоа е описот на зелениот грашок. Само една чаша грашок содржи речиси осум грама протеини. Ако не сакате да го јадете сам, можете да го додадете во салата, во супа или да го измешате со свежи билки и да направите песто со кое можете да ги прелиете тестенините.

Морков

Покрај колаген, морковите се и одличен извор на витамин А. Експертите препорачуваат да ги јадете сами, во салата или помешани со наут (кој е уште еден добар извор на протеини).

Супа од говедски коски/коленица

За невеганите, супата од месо е еден од најдобрите извори на колаген, особено супата од говедски коски, која е одличен извор на колаген од типот I – типот на колаген кој игра најважна улога за здрава кожа, коса и нокти.

Лиснат зеленчук

Темно лиснатите зеленчуци, вклучувајќи спанаќ, кељ и блитва, содржат витамини А и Ц и цинк, кој помага во производството на колаген.

Сардини

Рибиниот колаген се наоѓа во коските, кожата и лушпите на рибите. Затоа, доколку сакате да ги искористите сите благодети на овие морски плодови, одберете помали риби кои можете да ги јадете цели или речиси цели, како што се сардините.