Aко може сладок леб со банани, зошто да не може со киви? Имаме брз и сочен рецепт

Фото: Pexels
289

Сигурно многу добро го знаете лебот од банани, попознат како „банана леб“, но дали некогаш сте пробале да направите леб, односно, колач од киви по сличен принцип?

Веројатно веќе сте правеле леб од банани (banana bread), но можеби не сте се сетиле досега да пробате да направите леб, односно, колач од киви по сличен принцип? Да, да, кивито измешајте го со рачен миксер или во блендер и додадете го во смесата. Најдовме веганска верзија на тој колач и ви пренесуваме два рецепти.

Во едниот рецепт има тофу како замена за јајца во колачот, а во другиот наместо тофу, има банана. Да, пак банана, ама и киви.
Која верзија и да ја одберете, вкусот е сочен и многу вкусен, а подготовката е едноставна и брза. Доколку сакате да додадете уште нешто во колачот при послужување, препорачуваме сечкани парчиња свежо киви, кора од лимета и евентуално, вегански шлаг. Едноставно, брзо и многу убаво.

Состојките се доволни за правоаголен плех за леб.

Колач со киви со тофу
Состојки:
4-5 киви
50 г цврст тофу
100 г кафеав шеќер
125 г јогурт од соја (ако нема јогурт од соја, а не сте веган, ставете обичен(ако нема јогурт од соја, а не сте веган, ставете обичен))
300 г бело брашно
1 прашок за пециво
100 мл млеко од соја (и тука важи истото како за јогуртот)
60 мл маслиново масло
1 лажичка екстракт од ванила
1 лимета (сок и рендана кора)
прстофат сол.

Приготвување:
Помешајте ги брашното и прашокот за пециво и додадете прстофат сол и рендана кора од лимета.
Во блендер или со миксер со стапчиња, измешајте ги кивито и тофуто измешани со јогурт, млеко, маслиново масло, шеќер, цеден сок од лимета и екстракт од ванила.
Измешајте ги сувите и влажните состојки и истурете ја смесата во претходно подмачкан и набрашнет калап обложен со хартија за печење.
Печете на 180 °C 30-45 минути, во зависност од рерната. Штом површината ќе добие убава боја, лесно се покрива со алуминиумска фолија и се пече до крај. Проверете дали е печено со чепкалка.

Колач со киви и банана
Следно, ви ја пренесуваме верзијата со банана

Состојки:
4-5 киви
половина банана
100 г кафеав шеќер
250 г јогурт од соја (ако нема јогурт од соја, а не сте веган, ставете обичен)
300 г бело брашно
1 прашок за пециво
60 мл млеко од соја
60 мл маслиново масло
1 лажичка екстракт од ванила
1 лимета (сок и рендана кора)
прстофат сол.

Приготвување:

Измешајте ги прашокот за пециво и брашното и додадете прстофат сол и рендана кора од лимета.
Во блендер или со миксер со стапчиња измешајте ги кивито и половина банана заедно со јогурт, млеко, маслиново масло, шеќер, цеден сок од лимета и екстракт од ванила.
Измешајте ги сувите и влажните состојки и истурете ја смесата во претходно подмачкан и набрашнет калап обложен со хартија за печење.
Печете на 180 °C 30-45 минути, во зависност од рерната. Штом површината ќе добие убава боја, лесно се покрива со алуминиумска фолија и се пече до крај. Проверете дали е печено со чепкалка.