Aвокадото е здраво, ама не за сите: Ако ги почувствувате овие шест симптоми, време е да посетите лекар

Фото: Unsplash
88

Сите веќе знаеме за здравствените придобивки од авокадото, но за некои луѓе тоа не е добра опција. Ако имате одредени проблеми по консумирањето на авокадо, можеби сте нетолерантни на хистамин.

Авокадото е полно со здрави масти и хранливи материи како што се витамините Е, Ц и К, придонесува за здравјето на срцето, регулирање на шеќерот во крвта, а нашата кожа и коса го сакаат тоа.

Поради сето горенаведено, популарноста на ова овошје е сè уште висока на скалата за препораки, особено во медитеранската, веганската и кето диетата.

Но, за некои, уживањето во авокадо може да биде сѐ освен тоа. Имено, ако имате проблеми со дишењето откако ќе изедете многу, на пример, во форма на гвакамоле сос, тоа е затоа што можеби сте нетолерантни на хистамин.

Тоа е биолошки активна супстанца која природно се наоѓа во нашето тело и која игра клучна улога во имунолошкиот систем, регулацијата на функциите на дигестивниот систем и комуникацијата во централниот нервен систем.

Сепак, некои луѓе можат да бидат нетолерантни на оваа супстанца, односно не можат ефикасно да ја обработат, што потоа доведува до реакција на телото.

Со други зборови, нетолеранцијата се јавува кога телото не е во состојба ефикасно да го разгради хистаминот, обично поради недостаток на ензимот диамин оксидаза, кој е клучен за негово разградување во дигестивниот систем.

Симптоми

Авокадото е добар пример за храна со висока содржина на хистамин, а оние чии тела не можат да ја обработат оваа супстанца доживуваат симптоми како што се:

главоболки,
осип на кожата,
чешање,
проблеми со дишењето и кивање,
дигестивни проблеми,
забрзано чукање на срцето.

Сепак, многумина не го поврзуваат горенаведеното со нетолеранција на хистамин, туку ги припишуваат овие симптоми на други околности.

Како да препознаете нетолеранција на хистамин?

Кога станува збор за непријатност после јадење авокадо, добро е да се започне со свесноста за тоа колку хистамин всушност содржи ова овошје?

Истражувањата покажуваат дека парче авокадо содржи 23 мг/кг хистамин, па доколку сметате дека ви предизвикува некои од споменатите симптоми, задолжително консултирајте се со нутриционист и размислете за воведување диета со мала содржина на оваа супстанца во период од неколку недели. Откако телото ќе се прилагоди, повторно внесете го авокадото за да видите дали симптомите се враќаат. Оваа процедура, меѓу другото, ќе помогне да откриете дали навистина сте нетолерантни на хистамин, пишува Healthline.

Со други зборови, ако намалувањето на хистаминот помага и одеднаш имате проблеми откако ќе изедете авокадо, ова е потенцијален знак за нетолеранција на хистамин. Секако, со насоки на експерти и урамнотежена исхрана, животот со нетолеранцијата ќе биде значително полесен.

Може да се направи гвакамоле и без авокадо

И покрај сите придобивки, тоа што сте нетолерантни на ова овошје не треба никако да ве обесхрабри, па споменатиот гвакамоле сос можете да го направите со еднакво добра алтернатива. Сѐ што ви треба е половина килограм замрзнат грашок, грст коријандер, 1 чешне лук, 1 лимета, 1 кромид и сол по вкус, сугерира Prevention.