Автофагија: Еве што се случува со вашето тело по една година на овoj режим на исхрана

Фото: Freepik
39

Автофагијата, односно, повремениот пост, во последните неколку години стана еден од најпопуларните режими на исхрана кај нас. Откријте подолу како таа влијае на телото и какви се ефектите по една година применување на овој начин на исхрана.

Писателот Џејмс Клир на својата веб-страница jamesclear.com објасни што се искусил по една година на автофагија. Како што вели, научил неколку важни лекции.

Што се случува во телото ако се придржувате на автофагија една година.

Најголемата пречка е мозокот

„Примената на оваа диета е прилично едноставна – не јадете кога ќе се разбудите. Јадете подоцна, а потоа вообичаено продолжете со денот. Барем јас така правам. Но, постои ментална бариера што треба да се надмине. Тука се прашањата – ако не јадам, дали ќе ми биде чист умот, дали ќе се онесвестам, дали ќе ми се слоши… Сето тоа ми поминуваше низ умот пред да почнам.

И што се случи на крајот? Ништо. Функционирав добро“.

Верувањето дека треба да јадеме на секои три часа или да имаме шест оброци на ден или секогаш да појадуваме веднаш штом ќе се разбудиме – сето тоа е само во нашите глави, вели тој.

„Веруваш затоа што ти кажале така, а не затоа што навистина си пробал. Досега сфатив дека успешните луѓе се истакнуваат затоа што размислуваат поинаку, но и постапуваат поинаку“.

Лесно е да се ослабне со автофагија

Кога јадете поретко, обично јадете помалку. Резултатот е губење на тежината, вели Џејмс. „Повремениот пост е одлична опција за луѓето кои сакаат да ослабат бидејќи тоа е лесен начин да го намалите вкупниот број калории што ги внесувате без да ја промените исхраната.

Дури и ако им кажете на луѓето дека можат да имаат два големи оброци за ручек и вечера, тие обично завршуваат со јадење помалку калории отколку што би јаделе во три или четири обични оброци“.

Излегува, смета тој, дека повеќето луѓе губат тежина со автофагија, бидејќи, кога го намалуваат бројот на оброци, не компензираат со поголеми оброци.

Продуктивност во периодите без храна

„Најпродуктивен сум во првите три часа наутро, што е околу 12 до 15 часа откако ќе престанам да јадам. Ова е сосема спротивно од она што го очекував кога почнав со автофагија. Претпоставував дека ако не јадам со часови, тогаш нема да имам енергија да размислувам. Реалноста е токму спротивна“.

Вели дека наутро размислува многу појасно и дека автофагијата воопшто не му пречи за секојдневните обврски, напротив.

Динамичен внес на намирници

Повременото постење делува, вели Џејмс, но тој не ги намалил драстично телесните масти додека не почнал да го ротира внесот на калории и јаглени хидрати.

„Го зголемувам внесот на калории и јаглехидрати во деновите кога вежбам, а го намалувам кога одмарам. Идејата е да градите мускули кога тренирате и да согорувате маснотии кога одмарате“.

Тој обично јаде многу храна богата со протеини и таа севкупна комбинација му донела најдобри резултати.

Долгорочен план за исхрана

Вистината е дека премногу често размислуваме за исхрана на краток рок, а подобро е да размислуваме за тоа што јадеме во текот на една недела или месец, а не само во текот на денот. „Ако имате 80 квалитетни оброци секој месец (околу три дневно), зарем не е одлично што вашето тело ќе ги искористи тие оброци максимално без разлика дали ги јадете во блок од осум часа или во 12-часовен блок секој ден?

Помала потреба за храна

Звучи чудно, но Џејмс вели дека откако почнал со автофагија, има помала потреба од храна.

„Јас не сум жртва на мојата диета. Јадам кога сакам затоа што сакам, а не затоа што телото ми вели дека морам“.

Подобри резултати со помалку вежбање

Џејмс вели и дека со малку поинаков и полесен тренинг од претходно, гледа подобри резултати. „Од неодамна ги правам само најважните вежби. Имам два сета во понеделник, среда и петок – склекови наутро, клекови навечер. И резултатите се многу добри. Секоја недела гледам подобрување во последните три месеци“.

Многу вода

„Знајте дека треба да пиете многу вода. Порано пиев многу вода, но откако почнав со автофагија, пијам преку осум чаши дневно додека не завршам со ручекот“.

Најдобрата диета е онаа што ви одговара

Многу луѓе би сакале да го најдат најдобриот план за исхрана, но по можност сите одговори да бидат на едно место. Но… „Не сме сите исти и, за да ја пронајдете диетата која најдобро ви одговара, треба да експериментирате и да видите на што реагира вашето тело.

Затоа уживам во повремениот пост. Можете да го комбинирате распоредот за јадење. Изберете го оној кој одговара на вашиот животен стил и на кој вашето тело ќе реагира. Откако ќе разберете кога да јадете, тогаш можете да преминете на потешкиот дел: што да јадете“.