Бамјата штити од рак, го балансира шеќерот, го намалува холестеролот, ја јакне потенцијата…

108

Им користи на дијабетичарите затоа што го нормализира и балансира шеќерот во крвта, го намалува холестеролот, ја ублажува и елиминира опстипацијата, не дозволува пад на имунитетот…

Бамјата е посебен вид на зеленчук кој не е популарен само поради својот вкус, туку и поради бројните здравствени бенефити.

Позната е и како окра и е неспорно една од најдобрите култури кои можете да ги воведете на вашето мени.

Совршено се вклопува во бројни јадења, како додаток во салатите или како главна состојка, a одлично функционира и како природен згуснувач на јадењата.

Содржи и витамин Ц, кој помага со респираторни заболувања како што е астмата.

Витаминот Ц влијае на здравјето и на младешкиот изглед на кожата, го забрзува растот и регенерацијата на ткивото па ако си направите маска за лице од бамја, лицето ќе ви омекне, а резултатите ќе бидат видливи веднаш. Клинички е докажано дека бамјата содржи mioxinol, природна алтернатива за ботокс која ги намалува мускулните контракции, ги релаксира, исто така ги неутрализира ефектите на штетните радикали и спречува стареење на кожата.

Бамјата е преполна и со антиоксиданти и благодарение на овие материи, како прилог во оброкот, може да ја намали апсорпцијата на шеќерите во крвта и е добра за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.
Благодарение на огромното ниво на пектини, бамјата помага во намалување на холестеролот во крвта.

Нејзината особина да го подобрува протокот на крвта придонесува за подобро функционирање на мозокот.

Бамјата не само што може да се смета корисна за елиминација на штетните материи од цревата, таа е и важен фактор кога станува збор за заштита од малигни заболувања.

Бидејќи ги отстранува слободните радикали од системот за варење, таа во значителна мерка го намалува ризикот од рак на дебелото црево.

Оние кои веќе заболеле, задолжително треба да си подготвуваат јадења од бамја затоа што ќе ја спречат натамошната мутација на малигните клетки.

Бамјата ја засилува сексуалната желба и кај мажите и кај жените, па може да се каже дека е навистина исклучителна како афродизијак.

Ако ги прашате постарите лица, неретко ќе слушнете од нив дека бамјите се традиционален лек за потенција, а се покажала и одлична за лекување на полови болести по природен пат.

Истовремено е и одлична помош за обилно менструално крварење.

Во својот состав содржи повеќе витамини и минерали, особено витамини од групата Б, а пред сѐ витамин Б6.

Затоа е добра и за безбедна и здрава бременост.

Имено, витаминот Б е одговорен за производство на нови клетки, што спречува вродени дефекти кај бебињата и им помага да растат и да се развијат.

Го подобрува здравјето на бубрезите.

Се смета дека со редовно консумирање на бамја се намалува ризикот од болести на бубрезите, особено оние предизвикани од дијабетес.

Бамјата може да се користи свежа, сушена, замрзната, маринирана, како чај, тинктура и сл.

Во ајурведската медицина бамјата се користи за лекување на разни заболувања, како дигестивни проблеми и цревни проблеми, за намалување на холестеролот, за подобрување на цревната флора и за поттикнување на правилната работа на црниот дроб.

Пробајте го овој едноставен здрав напиток од бамји.