Бел тартуф, пармезан и талог од саке! Топче од најскапиот сладолед во светот чини повеќе од 6.300 евра

Фото: Cellato
139

Кога станува збор за омилениот замрзнат десерт, само небото е граница. Постојано се измислуваат нови вкусови, текстури и комбинации, а некои одат во крајности. Неодамна во Гинисовата книга на рекорди влезе најскапиот сладолед на светот, за чија топка треба да издвоите вртоглави 6360 евра! Состојки? Бел тартуф, пармезан и талог од саке!!!

Сладоледот е омилен десерт на многу луѓе, а со доаѓањето на топлото време, сè почесто ѕиркаме во фрижидерите во продавниците или ја избираме нашата топка во шарените излози на слаткарниците. Замрзнатото, засладено млеко наводно први го јаделе членовите на династијата Танг на почетокот на новиот век, а овој освежителен десерт се проширил низ Европа во 16 и 17 век.

Постојано се измислуваат нови вкусови, текстури и комбинации, а некои одат во крајности. Неодамна во Гинисовата книга на рекорди влезе најскапиот сладолед на светот, за чија топка треба да издвоите вртоглави 6360 евра!

Половен автомобил, одмор за цело семејство или топче сладолед?
Сладоледот е произведен во Јапонија, а производителот Cellato намерно, во потрага по рекорд, му додал бројни ретки и скапи состојки за да му ја подигне цената. За цена на топка од овој сладолед, која во Јапонија изнесува неверојатни 873.400 јени, можно е да се купи половен автомобил или да се однесе целото семејство на долг одмор. Но, реклама е реклама, па некои веќе го пробаа и пишуваат пофалби.

Дегустаторите тврдат дека има робустен мирис на тартуфи и комплексен вку на пармезан
Оние кои го пробале велат дека силната арома на белиот тартуф ги исполнува устата и носот, проследено со сложените и овошни вкусови на Parmigiano Reggiano. Талогот од саке го комплетира доживувањето на величенствениот вкус. Што се однесува до мене, овие состојки со задоволство би ги пробала во некои други комбинации, но очигледно не мислат сите така. И покрај сите најразлични комбинации, едноставно, ми недостасува оној домашен сладолед каков што правеше дома мајка ми – јајца, млеко, шеќер, ванила. Тоа е тоа вистинското!

Најскапа состојка е белиот тартуф од Алба
Причина за огромната цена се многу скапите состојки, меѓу кои рекордер е реткиот бел тартуф од италијанската провинција Алба, кој се продава за 14.000 евра за килограм. Други необични состојки вклучуваат Parmigiano Reggiano и талог од саке. Целта на Cellato била да го направи најскапиот сладолед и да влезе во Гинисовата книга на рекорди, но сакале да ги спојат и европските и јапонските состојки во еден сладолед. За да го постигне ова, Cellato го донел Тадајоши Јамада, главен готвач во РиВи, ресторан во Осака познат по својата имагинативна фузиска кујна.

Новите видови сладолед ќе вклучуваат вкусови на кавијар и шампањ
По освојувањето на титулата, претставник на Cellato изјавил дека им биле потребни повеќе од година и половина за да добијат вкус од кој се задоволни.

„Со многу обиди и грешки го најдовме вистинскиот вкус и го направивме најскапиот сладолед на светот. Целата напорна работа се исплатеше поради влегувањето во Гинисовата книга на рекорди“, велат тие.

По овој успех, тие продолжуваат да експериментираат. Наскоро планираат да извадат сладолед со други вкусови, повторно од најфините скапи состојки, како кавијар и шампањ.