Болоњезе од леќа е вкусна и поздрава верзија на омилениот сос

Фото: Фејсбук
312

Леќата, исто како и другите мешунки, е богата со протеини, па е одлична замена за месото.

Болоњезе е омилениот сос за тестенини на многу луѓе, но иако е класика што ја сакаме, секогаш со нетрпение очекуваме да пробаме различни верзии. Болоњезето од леќа е исто толку вкусно, но многу поздраво. Едноставно заменете го меленото месо со леќа и ќе имате вегетаријанско јадење на кое нема да му недостасуваат протеини. Леќата, исто како и другите мешунки, е богата со протеини, па е одлична замена за месото.

Рецептот секогаш можете да го прилагодите на вашите вкусови, а едно е сигурно – сите ќе уживаат во болоњезе сосот од леќа. Послужете го со зелена салата или кисели краставички за уште повкусен оброк.

Рецепт за болоњезе од леќа
Состојки:

1 конзерва леќа
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 среден морков
2 големи домати
3 супени лажици маслиново масло
300 гр тестенини по избор
3 ловорови листови
црн пипер, сол

По желба: рендан пармезан и свеж магдонос

Приготвување:

Кромидот, лукот и морковот исечкајте ги на ситни коцки. Измијте го доматот и исечете го на коцки.
Во тава загрејте ги маслиновото масло, кромидот, лукот и морковот додека кромидот не стане стаклест.
Додадете ги доматите и ловоровиот лист во кромидот и варете околу 10 минути, или додека не омекнат и не го испуштат нивниот сок.
Во тенџерето додадете исцедена леќа, пипер, сол и суво оригано. Гответе на средна температура уште 10 минути.
За тоа време сварете ги тестенините по избор според упатството на пакувањето.
Кога тестенините ќе се сварат, додадете неколку лажици од водата во која се вареле во болоњезето, промешајте и додадете ги тестенините.
Послужете топло, поросете со рендан пармезан и свежи листови магдонос по желба.