Брусница, мало, но моќно овошје за подобра функција на мозокот
Едно мало, но моќно овошје – брусницата, може да го има клучот за зачувување на меморијата и спречување на деменција.
Истражувачите од британскиот универзитет Источна Англија откриле дека секојдневното консумирање брусница може да биде клучот за подобрување на меморијата, забавување на развојот на деменција, па дури и намалување на „лошиот“ холестерол.
Студијата следела 60 здрави испитаници во текот на 12 недели, при што половина од нив секојдневно консумирале брусница во прав, додека другата половина добивале плацебо.
Резултатите биле изненадувачки – испитаниците кои консумирале брусница покажале значителни подобрувања во меморијата за секојдневните настани, подобра циркулација на крвта во мозокот, па дури и намалување на нивото на „лошиот“ холестерол.
Д-р Дејвид Ваузур, водечкиот истражувач, истакнува дека ова е една од првите студии што го истражуваат долгорочното влијание на брусницата врз когнитивните способности и здравјето на мозокот.
Резултатите се многу охрабрувачки и можат да послужат како основа за идни истражувања за влијанието на брусницата и сличните бобинки врз здравјето на мозокот.
Брусницата е позната по својата моќ да се бори против слободните радикали во телото, благодарение на антиоксидантите како витамините Ц и Е, како и флавоноидите.
Покрај тоа, таа богата со влакна, кои можат да помогнат во промовирање на здравото варење и одржување на здравјето на уринарниот тракт