Брз појадок за сите љубители на кафе

Фото: Пинтерест
154

Брзо се подготвува и е добар за варењето, бидејќи вклучува чиа семе и путер од бадем.
Во продолжение ви го пренесуваме рецептот!

Ги знаете оние утра кога немате време и за појадок и за кафе, но навистина ви требаат и двете? Да, сите знаеме такви утра…

Во секој случај имаме решение за вакви ситуации – смути со кафе!

Тоа е всушност здрава, кремаста комбинација, не ѝ недостасува вкус и докажано ве буди.

Брзо се подготвува и е добра за варењето, бидејќи вклучува чиа семе и путер од бадем.

Во продолжение ви го пренесуваме рецептот!

Рецепт за смути со кафе
Состојки:

1 банана (најдобро, замрзната)
половина чаша млеко по избор
половина шолја кафе
1 лажичка чиа семе
1 лажичка путер од бадем
1 лажичка екстракт од ванила
1 лажичка какао во прав
1 урма
мраз

Приготвување:

Прво ќе го свариме кафето и ќе го оставиме да се излади.
Во меѓувреме, измешајте една лажица чиа семе со половина шолја млеко за да омекнат.
Ставете ја во блендер смесата од млекото и чиа семето, па додадете кафе и сите останати состојки.
Испијте го и подготвени сте за работниот ден!