Ви пренесуваме рецепт за брз и лесен оброк со авокадо кој носи многу здравствени придобивки за вашето тело
Авокадото дефинитивно треба да биде на вашето мени што е можно почесто.
Бројни научни истражувања укажуваат на благотворните својства на овој плод.
Токму затоа авокадото е одговорно за многу здравствени придобивки.
Содржи мононезаситени масти здрави за срцето, како оние во маслиновото масло, кои всушност го намалуваат холестеролот во крвта.
Авокадото е исто така богато со витамин Е, фолна киселина и антиоксиданти, кои можат да помогнат во намалување на ризикот од срцеви заболувања.
Авокадото е одличен извор на каротеноиди, како што е лутеинот и антиоксиданти, како што е витаминот Е.
Авокадото содржи повеќе лутеин од кое било друго овошје.
Истите фитонутриенти во авокадото кои го поттикнуваат здравјето на очите, лутеинот и зеаксантинот, го инхибираат растот на клетките на ракот на простатата.
Поради сето горенаведено, не постои причина зошто авокадото да не биде често во вашата чинија. Ви пренесуваме рецепт за вкусни тестенини, кои се готови за само 20 минути!
Состојки:
170 гр тестенини
1 големо зрело авокадо
1 лажица свеж сок од лимон
1 чешне лук
1/4 чаша сечкан свеж магдонос
1/2 лажичка сол
црн пипер
Приготвување:
Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето.
Со рачен миксер или блендер измешајте ги авокадото, лукот, сокот од лимон, магдоносот, солта и биберот додека не добиете мазна и кремаста смеса.
Со сосот прелијте ги тестенините и убаво измешајте.
Зачинете со сол и бибер по желба. Послужете веднаш.