Велат дека оваа погача од брашно од наут и маслиново масло е препознатливиот вкус на Ница и нешто што едноставно мора да го пробате кога сте во овој француски град
Овој вид на погача со брашно од наут кој е познат како Socca е карактеристичен за Ница и Југоисточна Франција.
Секој кој ја посетил Ница знае дека туристите чекаат и до час и половина за да ја пробаат оваа вкусна брза, а сепак здрава храна направена само со три едноставни состојки: брашно од наут, квалитетно маслиново масло и вода.
Знаеме веќе дека наутот е здрава намирница, а нормално и брашното од наут ги има истите карактеристики.
Така, брашното, како и наутот содржи диететски влакна, има низок гликемиски индекс, растителни протеини, а во добар процент содржи фолати (фолна киселина) и бакар кои се многу битни за подобра искористливост на железото од храната.
Велат дека оваа погача (Socca) одлично оди со пиво, малку сол и бибер, а може да се употреби и наместо тортилја, со хумус и со вашиот омилен зеленчук.