Брза пита со тиквички и сирење, со малку калории и многу протеини

Фото: Unsplash
1.688

Не се откажуваме од питите ниту кога е жешко, но затоа мора да се брзи и лесни, со малку калории и со нашите омилени тиквички

Питите се омилено јадење на овие простори. Сакаме да ги јадеме во комбинација со зеленчук, сирење, месо, овошје. Всушност, питата ни дава многу простор за креативност. Меѓутоа, кога надвор температурите се високи, не сакаме премногу тешки пити.

Сакаме нешто лесно, едноставно, вкусно и брзо да се подготви. Уште кога е тоа и пита која содржи малку калории, а ни дава многу протеини, време е да го пробаме рецептот.

За вистинска фит верзија, изберете посно сирење и интегрални верзии на брашно.

Состојки за брза пита со тиквички и сирење

2 мали тиквички (рендани)
400 гр урда
1 шолја интегрално брашно
2 јајца
2 чешниња лук (сечкани)
1 црвен кромид (сечкан)
2 лажици маслиново масло
1 лажичка прашок за пециво
црн пипер
сол
2 лажици свежо сечкан магдонос или босилек, по желба.

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 °C.
Откако ќе ги изрендате тиквичките, оставете ги да отстојат околу 15 минути за да се ослободи вишокот вода.
На загреано маслиново масло пропржете ги кромидот и лукот неколку минути.
Измешајте ги сите состојки во сад.
Садот за печење премачкајте го со масло или обложете го со хартија за печење и во него рамномерно распоредете ја смесата.
Печете околу 30-40 минути и проверете со чепкалка дали е готово.