Бургери од леќа и тиквичка

Фото: https://foodyhealthylife.com/
249

За време на пости, но и доколку не јадете месо, овие плескавици од жолта леќа и тиквичка (нашите две омилени состојки) се одличен предлог за здрав оброк

Состојки:
200 гр (1 чаша) жолта леќа
450 мл (2 чаши) вода
1 средна тиквичка, рендана
1 кромид, ситно сечкан
1 чешне лук, згмечено
85 г (1 шолја) брашно од бадеми (може да се замени со какво било брашно)
6 сушени домати, сечкани
10 маслинки, сечкани
Сол и црн пипер по вкус
1/2 лажичка чили во прав (по желба)
Масло за пржење
Факултативни состојки:

Приготвување:
Исплакнете ја леќата и сварете ја со вода во тенџере на средна температура.
Додека се готви леќата, изрендајте ја тиквичката. За да се отстрани вишокот на влага, поросете ја со сол и оставете да отстои па процедете.
Пропржете го кромидот додека не стане проѕирен, потоа додадете го лукот и продолжете со пржењето уште една минута.
Откако леќата е готова, исцедете ја и ставете ја во голем сад заедно со кромидот и лукот. Изгмечете ја смесата до саканата конзистентност. Додадете ја тиквичката и останатите состојки. Од смесата обликувајте топчиња со рамномерна големина и потоа сплескајте ги во плескавици.
Пржете ги во загреано масло додека двете страни не добијат убава златно-кафеава боја.
Можете да ги послужите со некој сос или едноставно како замена за плескавици од месо, односно, во секоја комбинација во која се јадат тие.

Одлично одат со сос на база на јогурт или традиционално цацики. Може да се јадат и само со салата или да се завиткаат во тортиља за брз и вкусен оброк во движење.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.