Чајот од омилената медитеранска билка содржи повеќе антиоксиданти од зелениот чај

Фото: Pexels
161

Овој чај се препорачува секојдневно да се пие бидејќи му помага на организмот да се избори со различни здравствени проблеми, меѓу кои грип, менингитис, хепатитис Б, херпес, инфекции на уринарниот тракт и габични инфекции.
Помага и во регулирање на крвниот притисок, стабилизирање на нивото на шеќер и холестеролот.

Маслинката е омилено растение во Медитеранот. Покрај карактеристичниот вкус, маслинките се богати со витамини и минерали, што ги прави важна прехранбена состојка.

Од дамнешно време, маслинките се користат како лек за повеќе од 60 различни болести.

Поради високата содржина на витамин Е, маслинките се моќен антиоксидант кој придонесува за одржување на здравјето.

Листовите од маслинка се користат за правење чај со исклучителни здравствени придобивки.

Најдобро е да се берат листовите на пролет додека се уште млади.

По берењето, листовите треба да се измијат, да се исушат на воздух и да се чуваат во затворен сад подалеку од сончева светлина.

Чај од маслиново лист

За подготовка на чајот потребни ви се 15 до 20 суви листови маслинка на 300 милилитри вода. Водата треба да се зоврие, да се додадат листовите и да се варат 2 до 3 минути, па се остава да отстои уште 10 минути.

Чајот може да се пие топол или ладен, со или без мед, лимон.

Овој чај се препорачува секојдневно да се пие бидејќи му помага на организмот да се избори со различни здравствени проблеми, како што се пневмонија, туберкулоза, грип, менингитис, хепатитис Б, херпес, инфекции на уринарниот тракт и габични инфекции.

Чајот од маслиново лист исто така го зајакнува имунитетот и има антивирусни, антипаразитски, антибактериски и антигабични својства.

Помага во регулирање на крвниот притисок, стабилизирање на нивото на шеќер и холестеролот.

Чајот од маслинов лист се препорачува и како превентивна мерка против гореспоменатите болести.

Неговиот вкус е малку горчлив, но новото истражување покажало дека чајот од листовите од маслинка содржат повеќе антиоксиданти и од зелениот чај, што го прави еден од најздравите чаеви во светот.