Четири намирници кои ќе ви помогнат да го намалите холестеролот

Фото: Pexels
385

Покрај генетските фактори, на високиот холестерол силно влијае и исхраната.
Внимателно бирајте што јадете бидејќи овие намирници е лесно да се вклучат во исхраната.

Вишокот холестерол што телото не го користи доведува до акумулација на холестеролниот плак во крвните садови и попречување на протокот на крв.

Оваа состојба се нарекува атеросклероза и може да доведе до згрутчување на крвта, срцев и мозочен удар.

Причината за покачениот холестерол е делумно генетска, но се зголемува и поради лошите навики во исхраната, како што се консумирање премногу храна богата со заситени и транс масни киселини. Недостатокот на физичка активност, пушењето и дебелината исто така придонесуваат за покачен холестерол.

Иако не можеме да ги контролираме нашите гени, можеме да внимаваме што јадеме.

Имено, некои намирници го зголемуваат нивото на ЛДЛ холестеролот, додека други имаат позитивен ефект.

Еве кои намирници треба да се најдат на вашето мени доколку сакате да избегнете проблеми со циркулаторниот систем.

Овес

Меѓу житариците, овесот е најбогат со протеини. Тој е одличен извор на „добри“ јаглехидрати кои помагаат во балансирање на нивото на шеќер во крвта.

На овој начин избегнувате ненадејни скокови и падови на шеќерот во крвта предизвикани од рафинирана храна, како што се пекарски производи или рафинирани пченкарни снегулки.

Исто така, содржат влакна кои ќе го намалат лошиот холестерол, а според Клиниката Кливленд, ако додадете само една шолја овес во вашиот оброк дневно, можете да го намалите холестеролот за 5 до 8 проценти.

Јаткасти плодови

Бадемите, оревите и другите јаткасти плодови се одличен начин за намалување на ЛДЛ холестеролот.

Минатогодишното истражување покажало дека луѓето кои јадат јатки секој ден во текот на две години можат да го намалат лошиот холестерол, но и да го зголемат нивото на добриот холестерол.

Честичките на ЛДЛ холестеролот доаѓаат во различни големини, а истражувањата покажале дека малите, густи честички на ЛДЛ холестеролот почесто се поврзуваат со атеросклероза, плакот што се акумулира на артериите, според проф. Емилио Рос.

Авокадо

Иако дури 77 отсто од калориите доаѓаат од мастите, станува збор за мастите од олеинска киселина, истите оние кои се наоѓаат во маслиновото масло, основата на медитеранската исхрана, која се смета за најздрава.

Затоа, авокадото ќе ги намали шансите за развој на срцеви заболувања.

Заедно со бананите, авокадото е и најдобар избор за калиум.

Само 100 грама содржи 14 проценти од препорачаната дневна количина.

Калиумот е важен за намалување на крвниот притисок, па затоа се намалува и ризикот од срцев удар.

Маслиново масло

Повеќето лекари и нутриционисти се согласуваат дека маслиновото масло е одлично за здравјето бидејќи содржи олеинска киселина, незаситена масна киселина, која има ефект на намалување на воспалението.

Ако го користите наместо други масла, ќе има ефект на намалување на нивото на холестерол.