Четири намирници кои никогаш не треба да ги подгреваме

Фото: Pexels
968

Од неодамна оризот е етикетиран како храна што не треба повторно да се загрева, бидејќи некои корисници на TikTok тврдат дека биле отруени од него. Ако редовно јадете ориз, сигурно некогаш сте го подгревале и сами. Затоа се поставува прашањето дали со ова сте ризикувале труење.

Направивте обилен ручек, не го изедовте целиот и би сакале да го искористите за оброк на работа следниот ден. Сепак, во дилема сте дали треба да ги подгреете остатоците од ручекот или не, односно ве интересира кои остатоци се безбедни за подгревање, а кои не.

Неодамна, оризот е етикетиран како храна што не треба повторно да се загрева, бидејќи некои корисници на TikTok тврдат дека биле отруени од него. Ако редовно јадете ориз, сигурно некогаш сте го подгревале и сами. Затоа се поставува прашањето дали со ова сте ризикувале труење.

Ким Линдзи, диететичарка од Австралија, наведува четири намирници кои се доста ризични за подгревање и четири кои се всушност добри, спротивно на популарното верување.
Која храна е ризична за повторно загревање?

Јајца

Ни се чини дека оваа намирница може да трае вечно во фрижидер, но пред да ја зготвиме. Ако ви останал омлет, има повеќе ризици. Во ред е да ги ставите печените јајца во микробранова или рерна, но проблемот настанува кога ќе ги оставите надвор од фрижидер. Јајцата можат да носат бактерија салмонела која предизвикува труење со храна, а доколку ги чувате на собна температура подолго време, на бактериите им давате повеќе време да се размножат.

Американската агенција за храна и лекови советува дека јајцата и оброците што ги содржат не треба да се оставаат надвор од фрижидер повеќе од два часа или еден час во потоплите денови. Посочуваат и дека остатоците од јадењата со јајца треба да се искористат во рок од три до четири дена. Исто така, бидете внимателни со микробрановата печка.

„Проблемот со микробрановата печка е што може нерамномерно да се загрева. Понекогаш храната е топла на рабовите, а студена на средина или обратно“, изјавила Линдзи.

Таа препорачува да се промешува јадењето штом ќе се загрее до половина, а садот да се сврти за рамномерно да се распореди топлината.

Ориз

Всушност, корисниците на TikTok се во право, повторно загреаниот ориз може да доведе до труење. Имено, варен ориз може да содржи Bacillus cereus. Тоа е бактерија која формира спори и најчесто се наоѓа во почвата, на зеленчукот, како и во многу сирови и преработени намирници, вклучувајќи компири, грашок, грав и одредени зачини.

Симптомите на болеста предизвикана од бактеријата Bacillus cereus вклучуваат повраќање, дијареа и стомачни грчеви.

„Оризот е исклучително ризичен. Тие спори се отпорни на топлина, па дури и кога ќе ги загреете, сепак можат да предизвикаат штетни патогени“, вели Линдзи.

Дополнително, одржувањето на оризот на собна температура може да предизвика проблеми. Колку подолго оризот се чува на собна температура, толку е поголема веројатноста бактериите да се рашират.

За да се спречи растот на бактериите, научникот за храна HaroldMcGee советува да се разлади во рок од четири часа, а потоа да се чува во фрижидер. Ако го подгреете оризот, направете го тоа само еднаш и важно е да достигне температура од 73°C или повисока за да биде безбеден.

Спанаќ

Повторното загревање на спанаќот може да биде директно поврзано со ризикот од рак. Зелениот лиснат зеленчук како спанаќот содржи соединенија наречени нитрати. Кога нитратите се загреваат, тие можат да се разградат на соединенија кои го зголемуваат ризикот од рак.

Самите нитрати се безопасни. Сепак, бактериите кои живеат во устата и ензимите во телото можат да ги претворат во нитрити, а потоа во нитрозамини. Тие можат да бидат канцерогени.

Освен тоа, доколку спанаќот не се загрее правилно, на него сè уште може да живее бактеријата Listeria monocytogenes. Може да предизвика листериоза, сериозна инфекција која резултира со треска, симптоми слични на грип, главоболка, вкочанет врат, конфузија, па дури и напади.

Општо земено, однапред подготвените салати и зелениот лиснат зеленчук купен во продавница носат ризик од листерија, предупредува Линдзи.

Компир

Слично на оризот, проблемот со компирот не е самата топлина, туку предолго оставање на собна температура. Ако е на собна температура повеќе од два часа, влегуваат во „опасната зона“, што може да доведе до раст на бактеријата Clostridium botulinum. Предизвикува ботулизам, состојба во која токсините ги напаѓаат нервите и може да предизвикаат проблеми со дишењето. Ова резултира со симптоми како што се повраќање, гадење, абдоминална болка и дијареа. Тоа е фатално во еден од десет случаи. Исто така, постои зголемен ризик од ботулизам со компири печени во алуминиумска фолија.

„Бактериите кои доаѓаат од почвата би биле на компирите, а потоа алуминиумот го исклучува кислородот и може да им дозволи да растат“, изјавил Тоби Амидор, експерт за безбедност на храна.

Исто така, Линдзи вели дека дел од ризикот со пире од компири се неговите расипливи состојки, како што се млекото, путерот и павлаката. Затоа посочува дека е важно да е надвор од фрижидер помалку од два часа и при загревање добро да се проврие, поточно да се вари на пареа.

Кои намирници се добри за подгревање?
Риба

И покрај лошата репутација дека остава непријатен мирис во микробрановата печка, рибата носи мал ризик доколку ја загреете следниот ден.

Слично на оризот и јајцата, избегнувајте да ја држите на собна температура повеќе од два часа.

Иако можете да ја ставите во микробранова печка без никаков ризик, повторното загревање на овој начин може да ја исуши и да ја уништи текстурата. Затоа, најдобро е да изберете рерна или шпорет за да спречите сушење.

FDA препорачува варената риба да се чува во фрижидер не подолго од три до четири дена и повторно да се загрее на најмалку 75°C.

Млеко

Иако обично го пиеме ладно, можете и да го загреете. Со оглед на тоа што станува збор за расиплива храна, треба да водите сметка за рокот на траење.

Исто така, загревањето на висока температура може да ги убие бактериите како листерија, салмонела и E. coli.

„Високите температури ќе ги уништат овие бактерии и тогаш би требало да биде безбедно за консумирање“, објаснува Линдзи.

Сепак, мајчиното млеко и формулата може да бидат изложени на поголем ризик од уништување на хранливи материи.

Пилешко

Иако веројатно ќе има подобра текстура и вкус ако го загреете на шпорет или во рерна, пилешкото е безбедно и во микробранова печка. Клучот е во тоа да го вртите на секои две минути додека не достигне 75°C. Ова го намалува ризикот од салмонела.

Сè додека не е на собна температура повеќе од два часа, пилешкото претставува мал безбедносен ризик.

Администрацијата за храна и лекови на САД, исто така, препорачува да се чува варено пилешко во фрижидер не подолго од еден до два дена.