Чили пиперче наместо парацетамол: 5 одлични природни лекови за намалување на високата температура

Фото: Pexels
745

Ако имате температура, многу е важно да не се заморувате. Лежете и пијте колку што е можно повеќе течности бидејќи телото ги губи поради температурата, па постои ризик од дехидрација. Ако температурата ви е над 38 степени, обидете се да ја симнете со некој од овие природни антипиретици


Кога имате болки во грлото или грип, дали имате висока температура поради која чувствувате слабост?

Познато е дека покачената температура, на пример до 38,5 степени, не треба да се спушта, туку едноставно да се остави телото да се избори само.

Колку и да ви е тешко да ги поднесете симптомите и чувството на слабост и топлина, имајте на ум дека покачената температура е всушност добар знак, што покажува дека одбрамбените механизми на вашето тело оптимално работат. Ова значи дека вашето тело се обидува да се исцели самото.

Во секој случај, при висока температура, наместо да посегнувате по фармацевтски антипиретици, како што е андолот, попрво изберете природни.

Веројатно некои од нив веќе ги имате дома.

Еден од попознатите народни рецепти е употребата на компири кои се сечат на кришки и се ставаат на стапалата, а врз нив се облекуваат чорапи.

Нашите постари користеа и ракија за намалување на температурата. Со него ги триеја нозете, рацете и градите бидејќи алкохолот го извлекува вишокот топлина од телото.

Исто така, во ајурведската медицина, традиционално, како помош при снижување на температурата се користат тревките како што се ашваганда, тулси, ним и арџуна.

Земајќи ги за време на настинка или грип, дефинитивно ќе го зајакнете и ревитализирате вашето тело и ќе го забрзате заздравувањето.

Ако имате температура, многу е важно да не се заморувате. Лежете и пијте колку што е можно повеќе течности бидејќи телото ги губи поради температурата, па постои ризик од дехидрација.

Во продолжение дознајте како да ја намалите телесната температура на природен начин.

5 одлични природни антипиретици

  1. Јаболков оцет

Овој народен лек е познат уште од дамнешно време како средство кое ја „извлекува“ температурата и природно ја намалува.

Едноставно подгответе облог такашто ќе измешате јаболков оцет со вода во сооднос 1:2.

Натопете ја газата и ставете ја на челото (можете да ставите и друга натопена газа на стомакот). Повторувајте го ова неколку пати на ден.

  1. Чили пиперчиња

Откако ќе изедете чили пиперче, вашето тело ќе почне повеќе да се поти, по што температурата на телото природно ќе почне да опаѓа.

Капсаицинот од чилито ја стимулира циркулацијата и испраќа сигнали до вашиот мозок дека телото е прегреано, па почнува да се лади.

Едноставно јадете чили пиперче или зачинете ја храната со прстофат кајенски пипер (можете дури и да го додадете во смути).

Покрај чилито, одличен е и ѓумбирот од кој можете да направите топол чај.

  1. Мента

Благодарение на состојката ментол, позната по ефектот на ладење, ментата може да биде корисна кога имате покачена температура.

Покрај подготовката на чај, можете да нанесете и есенцијално масло од нане на неколку начини.

Топол облог

Наполнете сад со топла вода и додадете неколку капки масло од нане.

Натопете ја газата во топлата вода со масло и ставете ја на задниот дел од вратот и на челото.

Една капка масло од нане можете да додадете и во топлиот чај. Ова ќе му помогне на вашето тело да почне да се лади одвнатре.

Истријте ги стапалата

За ублажување на симптомите и намалување на високата температура, истријте ги вашите стапала со 5 капки масло од нане.

  1. Овошје и зеленчук богати со вода

Овошјето и зеленчукот кои се богати со вода, како што се лубеницата, дињата и краставицата, се идеални за намалување на телесната температура.

Можете да ги јадете свежи или да ги додадете во смути со малку мраз и јогурт.

Таквото овошје е лесно сварливо, одлично го хидрира и освежува организмот, а не го оптоварува додека се бори со температурата. Најдобро е да го јадете наутро.

За време на температурата постои голема веројатност да немате апетит, тоа е нормално и не се терајте ни да јадете цврста храна. Важно е доволно да се хидрирате.

  1. Кокосова вода

Додека имате висока температура, пијте кокосова вода.

Освен што ќе го хидрира телото, ќе го храни и со витамини, минерали и важни електролити.

Ова ќе му помогне на вашето прегреано тело да се ревитализира, освежи и да живне.

Освен кокосова вода, пијте свежо подготвена лимонада, таа ќе му помогне и на вашето тело да се освежи.