Цимет ролните од палачинки се одличен и вкусен појадок или десерт кој има неодолив вкус што потсетува на омилениот зимски десерт на многумина, но во многу побрза и поздрава верзија. Исто така, полни се со протеини!
Цимет ролните направени од палачинки се одлична опција кога сакате убаво да се засладите, а истовремено се грижите за вашето здравје и фигурата. Она што е исто така добро е што протеинот во овој рецепт не доаѓа од протеински прав, туку од белки од јајца и грчки јогурт – два извори на протеини со малку маснотии кои лесно може да се најдат во секој супермаркет.
Состојки:
За палачинките:
40 грама овесно брашно (или кое било друго)
1 лажица јаворов сируп (или мед)
1 јајце
180 мл белки
Фил од јогурт со цимет:
80 грама грчки јогурт
1лажичка гранулин засладувач (како еритритол)
1/3 лажичка мелен цимет
млеко по избор
За поросување:
1 лажичка гранулиран засладувач
1/3 лажичка мелен цимет
Подготовка:
Во сад измешајте ги овесните снегулки, јаворов сируп (или медот), белката. Добро измешајте додека не се соединат сите состојки и смесата не биде мазна и без грутки.
Загрејте нелеплива тава, со малку масло или путер, и пржете ги палачинките на средна температура.
Подгответе го филот со јогурт со цимет со мешање на грчкиот јогурт со гранулиран засладувач и мелен цимет. Секоја палачинка намачкајте со фил и свиткајте ја во ролна.
Во помал сад измешајте ги засладувачот и циметот. Поросете ги врз протеинските палачинки и уживајте.