Циметот е чудотворец во борбата со вишокот килограми, но и со други здравствени проблеми

Фото: Unsplash
271

Како да користите цимет ако сакате да изгубите тежина?


Циметот содржи голем број корисни материи, есенцијални масла, калциум и растителни влакна. Помага во нормализирање на варењето, го отстранува запекот и дијареата.

Има антиоксидантно и антипиретичко дејство. А за слабеење, велат, е феноменално – еве како да го искористите чајот од цимет!

Лековити својства на циметот:

  1. Влакната од циметот помагаат за нормализирање на варењето: го отстрануваат запекот и дијареата.
  2. Има антиоксидантно и антипиретичко дејство – помага при настинки.
  3. Го намалува лошиот холестерол.
  4. Го намалува шеќерот во крвта.
  5. Маслото од цимет го ублажува воспалението на кожата.
  6. Мирисот на цимет значително го подобрува расположението.
  7. Цимет во прав го зголемува рокот на траење на производите.
  8. Спречува развој на колоректален карцином.

Како да користите цимет ако сакате да изгубите тежина?
Најдобро е да користите чај со цимет и малку мед.

Подготовка:

Во чаша врела вода ставете 1 лажица мелен цимет.

Почекајте малку да се излади, а потоа додадете 2 лажици мед.

Оставете го на ладно место.

Пијте половина чаша наутро на празен стомак, а другата половина навечер пред спиење.

Исто така, можете да додадете цимет и во лимонадата.