Црниот чај ги намалува воспаленијата и се препорачува за луѓе со преддијабетес

Фото: Pexels
122

Истражувањето презентирано на овогодинешниот состанок организиран од Европската асоцијација за проучување на дијабетес, наведува дека луѓето кои пијат црн чај секој ден имаат 53 отсто помал ризик од развој на преддијабетес и 47 отсто помал ризик од дијабетес тип 2.

Црниот чај е пијалок полн со антиоксиданти кои го штитат организмот од делувањето на слободните радикали и болестите. Ново истражување, исто така, наведува дека само една шолја црн чај дневно може да не заштити од дијабетес тип 2. И покрај тоа што се потребни повеќе истражувања за да се потврди ефектот на црниот чај врз регулацијата на шеќерот, истражувачите наведуваат дека редовното консумирање црн чај е здрава и безбедна навика.

Една шолја црн чај секој ден ве одржува здрави
Истражувањето презентирано на овогодинешниот состанок организиран од Европската асоцијација за проучување на дијабетес, наведува дека луѓето кои пијат црн чај секој ден имаат 53 отсто помал ризик од развој на преддијабетес и 47 отсто помал ризик од дијабетес тип 2.

Лекарите објаснуваат дека преддијабетесот е состојба на вредности на гликемија на гладно кои се повисоки од нормалните вредности и пониски од оние што се наоѓаат кај дијабетесот, а тоа се вредностите од 6,1 до 7 mmol/L, по 12 часа неконзумирање храна. .

Дијабетесот тип 2 е резултат на тоа што телото не може правилно да го користи инсулинот или панкреасот не произведува доволно од него. Сè има за резултат зголемување на нивото на шеќер над нормалните вредности, кои се помеѓу 3,9 и 6,1 mmol/l.

Поголема чувствителност на инсулин и помали воспаленија

„Студијата покажа дека редовната употреба на црн чај во Кина може да се поврзе со помал ризик од развој на дијабетес и преддијабетес“, вели д-р Тонгџи Ву од Hospital Research Foundation Group.

Претходните истражувања укажаа на голем број здравствени придобивки од пиењето чај, како што се пониски нивоа на воспаленија и поголема чувствителност на инсулин.

„Нашата студија забележа зголемена уринарна екскреција на гликоза по конзумирање чај“, вели д-р Ву. Студијата користела стандардизирани прашалници во рамките на една популација, но потребни се повеќе истражувања за да се потврдат овие резултати.

Екскрецијата на гликоза е засилена
Ендокринологот д-р Керолин Месерст од болницата Нортвел Ленокс Хил потврдува дека основниот механизам на заштитната улога на црниот чај се заснова на зголемено излачување на гликоза во урината и посилна чувствителност на дејството на инсулинот.

Истражувањата покажуваат дека темниот чај, особено црниот чај, е полн со антиоксиданти кои можат да го намалат оксидативниот стрес и да го намалат ризикот од развој на хронични болести.

„Тафлавините и теарубигините можат да го намалат нивото на холестерол и шеќер во крвта“, вели ендокринологот д-р Дивија Јоги-Мор од The Cleveland Clinic Pituitary Center.

Како се пие црн чај?
Црниот чај овде е познат како „индиски чај“ и тој е дел од семејството Camellia sinensis. Оксидацијата и ферментацијата му даваат на овој чај посебен вкус и темна боја. Црниот чај е богат со флавоноиди кои го спречуваат развојот на кардиоваскуларни заболувања.
Темниот чај може да овозможи подобро функционирање на инсулинот, да ги заштити бета клетките на панкреасот кои лачат инсулин, но и да го запре дејството на слободните радикали и да го намали воспалението. Се препорачува да се користи црн чај без додадени вештачки состојки.