Црвената леќа е природна и здрава замена за месото

Фото: Pexels
155

Леќата содржи хранливи протеини од растително потекло, речиси е без маснотии, без глутен и богата e со витамини, минерали и влакна.


Црвената леќа е една од мешунките со многу здравствени придобивки, но сепак е прилично запоставена. Леќата, позната и по нејзиното латинско име Lens culinaris, е дел од семејството на мешунките и била најпопуларна за време на Втората светска војна, кога се користела како прифатлива замена за месо.

Црвената леќа се готви најбрзо

Леќата содржи хранливи растителни протеини, речиси е без маснотии, без глутен и богата со витамини, минерали и влакна, без масти и холестерол кои ги содржи црвеното месо.

Затоа се смета за поздрава, природна замена за месото. Мешунките може да се најдат во различни форми и можат да бидат цели, поделени или смелени во брашно.

Црвената леќа е „расцепена“ (изгледа како половина од зрно) и затоа е најбрза за готвење, па може да се користи во различни јадења. Оваа блага и слатка леќа станува мека кога се готви, па може да се користи во пиреа и намази. Диететичарите нагласуваат дека леќата има моќно дејство врз организмот и повеќе не е само евтина алтернатива на месото.

Половина шолја сварена црвена леќа содржи 140 калории и 12 грама протеини.

Богата е со протеини кои помагаат во градењето и одржувањето на мускулите, коските и кожата, а може да помогне во контролата на апетитот, па со самото тоа и за слабеењето бидејќи обезбедува подолго чувство на ситост во споредба со другите хранливи материи.

Според студијата објавена на ScienceDirect, готвењето на леќата во топла вода ја намалува содржината на олигосахариди како рафиноза и стахиоза, што може да го олесни варењето и да ја намали потенцијалната надуеност.

5 причини зошто леќата е добра за вашето здравје

Кога се јаде како цело зрно, наместо мелена во брашно, црвената леќа делува како протеин еквивалент на месото, што е особено корисно за луѓето кои консумираат само вегетаријанска или веганска исхрана.

Леќата не содржи глутен, што ја прави одлична опција за луѓето со целијачна болест.

Експертите велат дека има 5 здравствени придобивки од црвената леќа што треба да ги имате на ум:

Го намалува холестеролот

Растворливите влакна кои се наоѓаат во црвената леќа се врзуваат за ЛДЛ или „лошиот“ холестерол и му помагаат на телото да го излачува преку жолчните киселини. Овој процес помага во намалување на холестеролот, што дополнително има корист за здравјето на срцето со намалување на ризикот од атеросклеротични наслаги што се таложат во артериите и го зголемуваат крвниот притисок.

Содржи фолна киселина, важна за црвените крвни зрнца

Црвената леќа содржи значителна количина на фолати. Фолната киселина е витамин Б кој помага во формирањето на црвените крвни зрнца во крвта.

Кога ќе се појави недостаток на фолати, може да предизвика мегалобластна анемија.

Го подобрува варењето

Нерастворливите влакна кои се наоѓаат во црвената леќа минуваат низ дигестивниот систем без да се апсорбираат и создаваат маса. Ова ја зголемува подвижноста на желудникот, што значи дека процесот на варење на храната е забрзан.

На овој начин црвената леќа добро влијае и на работата на цревата бидејќи поттикнува редовно празнење.

Ја подобрува контролата на шеќерот во крвта

Бидејќи црвената леќа е богата со растителни влакна, помага да се подобри контролата на шеќерот во крвта. Бидејќи влакната не се варат, нашето тело не ги апсорбира и затоа не го зголемува нивото на шеќер во крвта, што значи дека растворливите влакна се одлични во спречувањето на скокови на шеќер во крвта бидејќи телото ги апсорбира.

Истражувањата докажале дека зголемувањето на влакната во исхраната им помага на пациентите да ја контролираат гликемијата, па дури и да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Го елиминира заморот
Ниското ниво на железо предизвикува замор што го спречува човекот да ги извршува секојдневните активности со иста енергија.

Железото е неопходно за формирање на хемоглобин, кој е вклучен во транспортот на кислород низ телото.

Бидејќи црвената леќа е богата со железо, вклучувањето на оваа мешунка во вашата исхрана заедно со другите може да помогне во одржување на соодветно ниво на железо, што е особено важно за жените во репродуктивна возраст.