Црвено вино и сладолед во иста чаша? Звучи како сквернавење, ама велат дека е добро

Фото: Принтскрин
19

На Тик-Ток се појави уште еден необичен рецепт за летен освежителен пијалак. Малку ни звучи како сквернавење и на виното и на сладоледот, ама еве, велат дека е добро

Ако мислевте дека сте ги пробале сите летни освежителни пијалоци, Тик-Ток ќе ве разувери. Новата вирална комбинација што корисниците масовно ја тестираат и ентузијастички ја споделуваат е – црвено вино и сладолед. Да, добро прочитавте. Комбинацијата што на прв поглед изгледа малку чудна всушност ги освои социјалните медиуми, а многумина ја нарекуваат „највкусниот грев на летото“.

Сè започна кога инфлуенсери од различни делови на светот почнаа да објавуваат видеа во кои експериментираат со различни видови сладолед – од ванила и чоколадо, до јагода и фстаци – додавајќи им црвено вино, обично лесно и овошно, како Мерло или Пино Ноар. Реакциите беа едногласни: комбинацијата е изненадувачки добра.

Најчесто се прави со едноставно ставање топка сладолед во чаша и прелевање вино врз неа, а некои одат чекор понатаму – мешајќи ги состојките во кремаст шејк, правејќи замрзнати коктели или дури додавајќи зачини како цимет и мускатно оревче за дополнителен вкус.

Погледнете го видеото ТУКА.

Покрај тоа што нуди освежување, оваа мешавина ги комбинира најдобрите од двата света – елеганцијата на виното и детската радост на сладоледот. Идеална е за вечерна релаксација на терасата, викенд дружења или дури и како необичен десерт по ручек.

Различните вкусови на сладолед ѝ даваат на оваа мешавина посебен шмек. Експериментирајте и пронајдете го вашиот омилен!