Даjкон е намирница која ги топи мастите

Фото: Pexels
218

Поради многу добриот сооднос на минерали, особено калиум и натриум, дајконот е исклучително силен диуретик. Богат е со витамин Ц, каротин, односно провитамин А и витамини од групата Б, па ги разградува тврдите масни наслаги од телото и го забрзува исфрлањето на токсините. Само изрендајте, зачинете и уживајте

Дајкон, односно, јапонската бело репа е сочна, крцкава и со поблаг вкус од нашите домашни ротквици. Можете да го најдете во повеќето од нашите маркети по многу прифатлива цена.

Изберете цврсти, мазни и тешки плодови со свежи листови. Плодовите од оваа репка чувајте ги во фрижидер, во пластична кеса, најмногу една недела.

Свежата ротквица не треба да се лупи. Доволно е добро да се измие и да се исече на тркалца. Идеална е како ужина во секоја диета. Покрај корените се користат и листовите кои се богати со витамин Ц, бета-каротен, калциум и железо.
Како се употребува?

Поради многу добриот сооднос на минерали, особено калиум и натриум, дајконот е исклучително силен диуретик. Богат е со витамин Ц, каротин, односно провитамин А и витамини од групата Б, па ги разградува тврдите масни наслаги од телото и го забрзува исфрлањето на токсините.

Плодот на оваа јапонска репка е со ниска енергетска вредност, па да речеме дека во 100 грама има само 18 килокалории.

Содржи многу фруктоза, компоненти на скроб, пектин и целулоза.

Од минералите содржи калиум и калциум, како и витамин Ц, во количина што задоволува 34% од дневната препорачана доза, како и активни ензими.

Богат е со гликозиди и специфични материи со фитонцидно и бактерицидно дејство.

Коренот се јаде сиров, во салати или термички обработен.

Како што веќе споменавме, овој корен е одлично средство за чистење на телото.

Белата јапонска ротква го ослободува телото од холестерол и триглицериди. Го олеснува варењето на мастите и ја поттикнува работата на жолчката. Благодарение на рафанолот, есенцијалното сулфурно масло, го поттикнува исфрлањето на слузта од дишните органи, па затоа се препорачува при бронхитис и кашлица.

Покрај тоа, дајконот е незаменлив како природен диуретик. Кога се готви со друг зеленчук, ќе ги впие сите ароми бидејќи самиот корен нема изразен вкус. Слободно можете да додадете дајкон во разни чорби.

А наједноставен начин на примена е да го изрендате свеж и да го зачините со маслиново или ладно цедено сончогледово масло и сок од лимон или оцет.