Дали јадете брзо или бавно? Брзото јадење го запира ослободувањето на хормони кои му кажуваат на мозокот кога е стомакот полн

Фото: Pexels
408

Истражувањата покажаа дека луѓето кои само брзо ја голтаат храна се прејадуваат почесто од оние кои јадат побавно. Треба да се има предвид дека варењето започнува во устата и дека храната треба добро да се џвака пред да се проголта.

Многу се зборува за тоа дека освен што треба да се внимава што се јаде, треба да се внимава и како се јаде. Јадете побавно, промислено и без гледање телевизија, што ќе влијае и на слабеењето, велат експертите.
Новата студија објавена во „BMJ Open“ открива дека луѓето кои полека јадат имаат тенденција да имаат помала тежина. А забавувањето на внесот на храна со текот на годините се чини дека им помогнало да ослабат.
Ако јадете брзо, не само што го отежнувате варењето, туку и наталожувате килограми. Истражувањата покажаа дека луѓето кои само брзо ја голтаат храна се прејадуваат почесто од оние кои јадат побавно. Треба да се има предвид дека варењето започнува во устата и дека храната треба добро да се џвака пред да се проголта.

Научниците веруваат дека брзото јадење го запира ослободувањето на хормоните кои му кажуваат на мозокот кога стомакот е полн. Ова знаење го поддржува веќе добро познатиот совет дека секој залак треба да се проџвака најмалку 20 пати пред да се голтне.

Истражувачите ги разгледале податоците од 60.000 луѓе со дијабетес за период од шест години. На прегледите во текот на годините, тие биле прашани за нивните животни навики, како што се брзината на јадење, употребата на алкохол и начинот на спиење. Тие, исто така, биле прашани и за другите навики во однос на храната и се покажало дека шансите за дебелина биле поврзани со сите однесувања поврзани со храната. Брзината со која се јаде имала прилично значаен ефект.

Луѓето кои јаделе со нормална брзина имале 29 проценти помали шанси да бидат дебели од луѓето кои јаделе брзо, луѓето кои јаделе бавно имале 42 проценти помали шанси да бидат дебели. И интересно е тоа што луѓето кои ја забавиле исхраната за време на периодот на студијата имале тенденција да губат тежина со текот на времето.
Професорот Стивен Блум од Империјалниот колеџ во Лондон, кој го водел ова истражување, истакнал дека за епидемијата на дебелина секако придонесува и тоа што денес луѓето обично јадат брзо и јадат додека работат.

„Брзото јадење, јадењето на работа, сето тоа придонесува за зголемен ризик од дебелина. „Нема сомнеж дека ако јадеме побавно, што зависи токму од нас, имаме поголеми шанси да останеме витки“, тврди тој.