Дали јадете остатоци од животинска кожа, коски и копита? Што сѐ може да се најде во гумените бонбони?

Фото: Pixabay
62

Ако јадете гумени бонбони, тогаш јадете и остатоци од кожа, животински нокти и рогови. Имено, тоа се состојките од кои се прави желатинот, главната состојка на овие бонбони, во кои може да се најде и восок за полирање автомобили

Што е првото нешто што ви паѓа на ум кога ќе видите гумени бонбони?

Веројатно детството и деновите кога плачевте и ги влечевте родителите за ракав да ви ги купат. Дури и денес, многумина од нас можат лесно да изедат цела кесичка со слатки и шарени гумени животни.

Но, дали знаете од што навистина се направени?

Некои од вас можеби ја прочитале етикетата и составот испишани со ситни букви на задната страна на пакувањето, но веројатно не сте свесни за состојките и како се подготвуваат.

Генерално, гумените бонбони се состојат од шеќер, желатин, скроб, гликозен сируп, на кои се додадени разни засилувачи на вкус и разни вештачки бои.

Благодарение на шеќерот, тие се екстремно калорични и без никаква корисна хранлива вредност. Значи, со нивното конзумирање, само се полните со куп празни калории.
Посебно место зазема желатинот, состојката што ги прави толку сочни, гумени, меки и уште повеќе ве поттикнува да ги јадете.

Сепак, ако знаете од што всушност се прави овој желатин, веројатно ќе ви се смачи од помислата колку остатоци од кожа, животински нокти и рогови сте изеле досега јадејќи гумени бонбони.

Имено, желатинот се добива од остатоци од кожа, копита и коски на животни, најчесто свињи.

Така е, отпадот од месната индустрија е всушност една од главните состојки во вкусните гумени бонбони.

Животинскиот отпад преку посебен процес се претвора во желатин, кој освен за гумени бонбони, се користи и за подготовка на многу други слатки.

Желатинот се добива и со готвење на животински тетиви, коски, отпадни масти и делови од телото и сѐ што се смета за отпад во преработката на месото.

Но, гумените бонбони, како и другите производи за деца, привлекуваат со своите светли бои, вештачки вкусови и разни интересни форми. Затоа, разговарајте со вашето дете и објаснете му дека тоа што се крие во неговата омилена бонбона не е воопшто убаво или здраво, а како алтернатива понудете му суво овошје.

На почетокот, разбирливо ќе наидете на целосно отфрлање и неодобрување, но не се откажувајте. Овде не станува збор за целосно елиминирање на пристапот на вашето дете до бонбони, туку за одржување на нивното купување на минимум и секогаш прво нудење на поздрава варијанта на слатки.

Друг недостаток на гумените бонбони и преработената храна воопшто е додавањето на бројни вештачки вкусови, бои и други адитиви, така што еден вид гумени бонбони може да има дури дванаесет различни адитиви. Можеме да најдеме и различни восоци во гумените бонбони.

На пример, карнауба восокот не е штетен додаток, но е несварлива супстанца која вообичаено се користи за полирање на автомобили.

Ако пак одберете гумени бонбони без шеќер, како поздрава варијанта, никогаш не јадете голема количина одеднаш. Најчестиот избор на вештачки засладувачи во слатките без шеќер се шеќерните алкохоли, кои во поголеми количини предизвикуваат привремени, но тешки дигестивни нарушувања, надуеност и дијареа.

Денес постојат и гумени бонбони во кој наместо желатин се употребува веганска замена, односно агар во прав кој се добива од морски алги.

Значи, ако сакате да знаете што јадете, сепак ќе морате внимателно да го прочитате составот и да научите што се крие зад сите оние додатоци со ознаката Е.