Во специјалното издание на еден хрватски дневен весник минатата година, се наведени 10 видови овошје за кои се тврди дека се третирани со најмногу пестициди. На врвот од листата – јагодите. Бидејќи е време на јагоди, актуелни се истите муабети.
Во специјално издание на хрватскиот дневен весник од 27 март 2024 година, објавена е статија со наслов „Ова е најтоксичното овошје и зеленчук, се прска со 15 до 17 видови пестициди. Еве како треба да го консумирате“.
Статијата содржи листа од 10 видови овошје и зеленчук, кои се најмногу изложени на третирање со пестициди.
Исто така, се наведува дека: „шведските научници докажаа дека инсектицидите, фунгицидите и регулаторите за раст на растенијата можат да се акумулираат во телата на децата и возрасните. Меѓутоа, ако не консумираме храна контаминирана со пестициди само две недели, нивото на овие токсини во нашите тела паѓа на нула“.
Изворот на оваа информација не е наведен никаде, ниту пак е наведено кои шведски научници се вклучени, каде се објавени овие наоди, ниту пак кој е изворот на информациите за овој медиумски напис, се вели во хрватскиот портал за проверка на факти „tocnotako.hr“.
Ја пренесуваме нивната анализа која се однесува на текстот во кој јагодите се прогласени за најотровни од сите други.
„Без никакви информации за изворот на информациите, се наведува дека тестирањето на одредени јагоди (не е познато кое тестирање, каде и кога) покажало дека тие биле прскани со дури 17 различни видови пестициди, додека грозјето и пиперките биле прскани со 15 видови пестициди.
Оваа статија понатаму дава препораки за отстранување на пестицидите со користење на различни методи на миење (втор дел од статијата). Споменатите „рецепти“ вклучуваат употреба на морска сол, сода бикарбона, лимон и бел оцет.
Според литературата (https://www.poslovni.hr/lifestyle/stricnjak-otkriva-kako-ukloniti-pesticide-s-voca-i-povrca-4390866) и нова статија од Foods: Yang, S.-J. i sur: Effectiveness of Different Washing Strategies on Pesticide Residue Removal: The First Comparative Study on Leafy Vegetables. Foods 2022, 11, 2916. https://doi.org/10.3390/ foods11182916 , ниту еден од горенаведените рецепти не се потребни, бидејќи најефикасниот начин за отстранување на нечистотиите, вклучувајќи ги и остатоците од пестициди, од овошјето и зеленчукот е да се мијат со млаз вода.
Медицински сомнителни совети: Статијата нуди неколку „рецепти“ за отстранување на остатоци од пестициди од овошјето и зеленчукот до 75%. Тие вклучуваат миење со морска сол, лимон, сода бикарбона и бел оцет.
Медицински докажани совети: Содата бикарбона влијае само на промената на pH вредноста, не влијае на растворливоста, ниту пак ги отстранува мастите. Овошјето кое најмногу се третира со пестициди се јаболката, а тие се консумираат откако ќе се измијат во млака вода околу 15 минути.
Референци за проверка на веродостојноста на статијата:
*https://www.poslovni.hr/lifestyle/strucnjak-otkriva-kako-ukloniti-pesticide-s-voca-i-povrca-4390866
*Yang, S.-J. i sur: Effectiveness of Different Washing Strategies on Pesticide Residue Removal: The First Comparative Study on Leafy Vegetables. Foods 2022, 11, 2916. https://doi.org/10.3390/ foods11182916
Оцена на статијата: Медицински сомнителна
Ниво на веродостојност што укажува дека експертите изразуваат сомнежи или прашања во врска со медицинската точност на информациите во статијата, поттикнувајќи претпазливост и дополнителни проверки за донесување информирани здравствени одлуки.