Дали кикиритките се добри за нашето здравје?

Фото: Unsplash
413

Кикиритките се богати со мононезаситени и полинезаситени масти, кои се корисни за здравјето на срцето. Овие здрави масти помагаат да се намали холестеролот со ниска густина (LDL), кој често се нарекува „лош“ холестерол и го зголемуваат липопротеинот со висока густина (HDL) или „добриот“ холестерол, што го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Кикиритките се омилена закуска на многумина. Луѓето уживаат да ги грицкаат додека гледаат добар филм или серија, со пиво, кога се нервозни или осамени, ама и кога се расположени и со друштво. Но, дали се тие добри за нашиот организам?

Како и секоја храна, така и кикиритките имаат предности и потенцијални недостатоци кои треба да се земат предвид пред да додадете повеќе од овие мешунки во вашата исхрана.

Здравствени придобивки од јадењето кикиритки

Прво, тие се одличен извор на растителни протеини. На секои 100 грама кикиритки има околу 25 грама протеини. Оваа висока содржина на протеини ги прави кикиритките фантастична опција за оние кои сакаат да го зголемат внесот на протеини, особено вегетаријанците и веганите. Дополнително, аминокиселините во кикиритките (особено леуцинот) ја поддржуваат обновата и растот на мускулите, што е од суштинско значење за секој кој води здрав и активен животен стил.

Може да го подобрат здравјето на срцето

Истражувањата покажуваат дека вклучувањето јаткасти плодови како кикиритки во урамнотежената исхрана може да биде одличен начин да го заштитите вашето срце додека уживате во ужина преполна со хранливи материи.

Кикиритките се богати со мононезаситени и полинезаситени масти, кои се корисни за здравјето на срцето. Овие здрави масти помагаат да се намали холестеролот со ниска густина (LDL), кој често се нарекува „лош“ холестерол и го зголемуваат липопротеинот со висока густина (HDL) или „добриот“ холестерол, што го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Богати се со магнезиум

Многу луѓе не добиваат доволно магнезиум, а кикиритките значително ја зајакнуваат оваа есенцијална хранлива материја.

Една шолја кикиритки обезбедува околу 30 проценти од препорачаната количина на магнезиум, што е корисно за здравјето на коските, нервниот и кардиоваскуларниот систем.

Може да помогне при губење на тежината

Благодарение на својата густина на хранливи материи, кикиритките можат да бидат корисни за контрола на тежината. Поради високата содржина на протеини и влакна, тие можат да поттикнат чувство на ситост, што помага да се контролира апетитот и да се намали севкупниот внес на калории.

Помага во борбата против воспаленијата

Воспалението е поврзано со многу хронични болести, а студиите покажале дека кикиритките содржат соединенија кои помагаат во борбата против овој проблем.

Кикиритките содржат повеќе антиоксиданти, како што се п-кумаринска киселина и ресвератрол, кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес во телото, вели Eat This, Not That.

Го подобруваат здравјето на цревата

Кикиритките се одличен извор на влакна, кои се есенцијални хранливи материи за здраво варење. Влакната, исто така, поддржуваат здрав цревен микробиом, кој може да го подобри здравјето на дигестивниот и имунолошкиот систем.

Може да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта

Високата содржина на масти и растителни влакна во кикиритките помага во контрола на нивото на шеќер во крвта. Истражувањата покажуваат дека јадењето јаткасти плодови (вклучувајќи ги и кикиритките) може да помогне во спречување и управување со дијабетес тип 2.

Потенцијални недостатоци од јадење кикиритки

Многу се калорични
Кикиритките, како и сите други јаткасти плодови, се богати со масти здрави за срцето, но тоа исто така значи дека се и калорични.

Содржат оксалати
Кикиритките содржат оксалати, соединенија кои можат да се врзат со калциумот за да формираат кристали на калциум оксалат.

Кај чувствителните луѓе со гихт или други состојби, големата потрошувачка на оксалати може да придонесе за формирање на камења во бубрезите, предизвикувајќи болка и непријатност.

Луѓето со историја на камења во бубрезите треба да го следат нивниот внесувањето на оксалати.

Може да имаат висока содржина на натриум

Суво печените, солени кикиритки може да имаат во просек 410 милиграми натриум на 100 грама. За оние кои внимаваат на нивниот внес на натриум, особено луѓето со срцеви заболувања, најдобро е да изберат несолени или малку солени кикиритки за да избегнат надминување на дневната препорачана граница на натриум од 2.300 милиграми дневно.