Дали се сеќавате на лебот Лепа Брена? Македонска пекара во САД продава леб што го носи името на пејачката

Фото: Freepik
284

Повозрасните сигурно се сеќаваат на четвртастото бело лепче кое се продаваше на времето и го носеше нејзиното име. Тоа повеќе не е во продажба кај нас, но затоа, нашите Македонци го произведуваат во својата пекара во Америка.

Пејачката Лепа Брена која освен на територијата на поранешна Југославија, е позната и во дијаспората, особено во САД, кадешто долги години заедно со семејството поминуваше голем дел од своето време. 

Повозрасните сигурно се сеќаваат на четвртастото бело лепче кое се продаваше на времето и го носеше нејзиното име. Тоа повеќе не е во продажба кај нас, но затоа, нашите Македонци го произведуваат во својата пекара во Америка.

Горан Тевдовски кој е сопственик на пекарата во Соединетите Американски Држави неодамна откри во подкастот „Само во Америка“ како дошол до идејата еден од своите производи да го именува по една од најголемите музички ѕвезди од Балканот – Лепа Брена.

Во интервјуто, тој зборува за својот живот и за бизнисот во Америка, за предизвиците и придобивките, но и за еден од најинтересните детали во разговорот – лебот што го носи името Лепа Брена.

„Ние го продаваме нашиот леб во Америка и се вика „Лепа Брена“. Татко ми се сети дека порано имало приказна за тоа во Македонија, па затоа решивме да ја искористиме таа идеја и да ја реализираме. Дури и Брена дојде кај нас за да провери дали е вистина“, вели сопственикот на пекарницата.

За време на интервјуто, тој нагласува дека купувачите од балканската дијаспора најчесто избираат традиционални производи, што му овозможува да пласира автентични вкусови и рецепти. Според него, особено ја нагласува големата побарувачка за производи како што се бурек и пити.