Дали сте пробале сок од лубеница?

Фото: Pixabay
172

Сокот од лубеница не само што придонесува за здравјето на срцето и кожата, туку може да помогне и во зајакнување на имунитетот, слабеење и подобрување на функцијата на различни органи.

Со летните температури, добар природен сок кој ќе помогне за хидратација и освежување често е токму она што ни треба.

Покрај добро познатите сокови, она што лесно можете да го подготвите дома е и сокот од лубеница.

Лубеницата е едно од нашите омилени овошја, а не се консумира само на начин на кој сме навикнати.

Во продолжение ви го пренесуваме наједноставниот и најефикасниот рецепт за сок кој ќе ги воодушеви сите.
Подготвувањето на сок од лубеница не е комплицирано, а најдоброто нешто е што можете да додадете и други плодови за да создадете вистинска освежителна витаминска бомба.

Сокот од лубеница е богат со витамини и минерали, вклучувајќи витамин Ц, витамин А, витамини од групата Б, калциум, магнезиум, калиум, ниацин, тиамин, влакна и протеини.

Покрај тоа што содржи бројни хранливи материи, тој е полн со каротеноиди и фитонутриенти, меѓу кои се издвојува ликопенот.

Овој црвен пигмент е особено ценет во текот на летото поради неговата способност да ја заштити кожата од оштетување предизвикано од сончевите зраци.

Исто така, ликопенот помага во заштитата на клетките од штетните ефекти на слободните радикали, што е од суштинско значење за зачувување на здравјето на срцето и циркулаторниот систем.
Конзумирањето на сок од лубеница, поради неговите корисни состојки, не само што придонесува за здравјето на срцето и кожата, туку може да помогне и во зајакнување на имунитетот, да го поддржи слабеењето и да ја подобри функцијата на различни органи.

Се верува дека лубеницата помага да се подигне либидото и да се подобри еректилната дисфункција кај мажите.

Цитрулинот го подобрува протокот на крв со создавање гас кој помага во проширување на крвните садови.

Поради ова својство, лубеницата е корисна и за оние со блокирани артерии.
Конверзијата на L-цитрулин во азотен оксид го зголемува протокот на крв во гениталиите.

Сокот од лубеница е еден од најдобрите извори на цитрулин.

Како да направите сок од лубеница?

Сокот од лубеница може да се подготви од месото на лубеницата, додека семките може да се користат за чај.

Сокот е многу лесен за подготовка бидејќи е богат со течност.

Ќе ви требаат: една мала лубеница, лажица домашен мед, малку свежо нане и половина јаболко.

Лубеницата исчистете ја и исечкајте ја на коцки, истото направете го и со половина од јаболкото. Сè заедно ставете во блендер и измешајте.

Доколку е потребно, можете да додадете половина чаша вода.

Откако ќе добиете хомогена смеса, додадете една лажичка домашен мед и на крај неколку листови свежо нане за мирисот да биде попримамлив.

Ако сакате да додадете друго овошје, можете, но имајте на ум дека, на пример, бананата или авокадото ќе направат погуста течност, поради што ќе треба да додадете повеќе вода.

Лимон, портокал или грозје исто така може да послужат како добар избор.