Дали знаете како да препознаете лубеница полна со нитрати која може да предизвика труење?

Фото: Pixabay
503

Нитратите се супстанции кои се користат за брзо зреење на овошјето. Можат да бидат опасни по здравјето, особено за децата, трудниците, алергичарите и оние со слаб имунитет, како што се пациентите на хемотерапија.

Дали знаевте дека првите лубеници што се појавуваат на пазарите и продавниците обично се богати со нитрати?

Ваквите лубеници можат да бидат опасни по здравјето, особено за децата, трудниците, алергичарите и оние со слаб имунитет, како што се пациентите на хемотерапија.

Нитратите се супстанции кои се користат за брзо зреење на овошјето.

Иако не се штетни во мали количини, доколку постојано се внесуваат во организмот може да предизвикаат труење.

Имено, конзумирањето лубеници со нитрати може да доведе до хипоксија. Станува збор за опасна состојба која предизвикува мачнина, повраќање и пролив.

Хроничните болести можат да се влошат кај луѓето кои консумираат нитрати во големи количини, а доколку веќе имаат проблеми со дигестивниот систем, може да очекуваат негативни последици. Иста е ситуацијата и со воспалителните болести на цревата.

Невозможно е да се каже дали лубеницата содржи нитрати според кората, но кога ќе ја исечете, ќе ви биде јасно.

Ако лубеницата има воочливи бели или жолти жилички, тоа значи дека содржи многу нитрати. Треба да обрнете внимание и на пулпата. Ако е црвена, но сјајна или ако има синкаста нијанса, сигурно содржи нитрати.