Речиси секаде, шолја кафе се служи заедно со чаша ладна вода. Но, интересно е тоа што чашата вода до кафето првично не била наменета за пиење
Културата на пиење кафе во секоја земја е различно, но вообичаено, речиси секаде, шолја кафе се служи придружена со чаша ладна вода. Но, интересно е тоа што чашата вода до кафето првично не била за пиење.
Пиењето кафе се појавило во 16. век. Турците и народите во Отоманскиот султанат наскоро го прифатиле, но во Западна Европа оваа секојдневна навика се појавила многу подоцна – на крајот на 19. век.
Во „викторијанската ера“, дамите од високите класи се жалеле дека имаат „проблеми“ со лажицата со којашто се меша шеќерот во кафето… Им пречело да ја ставаат извалканата лажица на работ од тацната.
Многумина го сметале овој потег за „нецивилизиран“ и нималку „елегантен“, па рестораните почнале да служат и чаша вода покрај шолјата кафе. Водата служела за заплакнување на лажичката пред да ја стават на тацната.
И во денешно време, кога ќе добиете чаша вода до кафето, тоа се смета за добар манир.
Но, не е баш секаде така.
Имајте предвид дека има и места каде што, ако сакате вода со кафето, треба да ја нарачате со тоа што треба да знаете дека и таа ќе се најде на сметката.