Дали знаете која е најпопуларна кујна во светот?

Фото: Unsplash
151

Кога станува збор за најпопуларните кујни во светот, најчесто први на памет ни паѓаат италијанската, мексиканската и кинеската, но има уште една која е попопуларна од нив.

Ако се прашувате која е најпопуларната храна на светот, веројатно први на памет ви паѓаат италијанската, француската, мексиканската и кинеската, или евентуално, индиската храна… Но има уште една која е попопуларна од сите нив, барем судејќи според бројот на ознаки (тагови) на социјалните мрежи како TikTok, Instagram и Reddit.

Најпопуларната кујна во моментов е корејската, бидејќи покрај ознаките, има и најпозитивни коментари и спомнувања на споменатите мрежи, покажуваат податоците на компанијата The Bucket List.
Иако, нивната листа на најпопуларни кујни во светот не е полна со премногу изненадувања, бидејќи италијанската и мексиканската кујна се веднаш зад корејската по популарност.

Топ 10 листата на светски кујни изгледа вака:

Корејска
Италијанска
Мексиканска
Јапонска
Индиска
Кинеска
Тајландска
Виетнамска
Филипинска
Турска