Дали знаевте дека ананасот е моќен природен ибупрофен?

Фото: Pexels
153

Една нова студија покажа дека бромелаинот, ензим од ананас, го има истиот ефект на ублажување на болката и намалување на воспалението како и популарниот ибупрофен.


Ако некој ви каже дека наместо ибупрофен за ублажување на воспалението и болката, можете да земете природна состојка добиена од егзотично овошје, која опција би ја избрале?

Природата секогаш го нуди најдоброто и најбезбедно решение, а тоа го докажува бромелаинот – состојка од ананасот.

Една нова студија покажала дека бромелаинот, ензим од ананас, има ист ефект врз ублажување на болката и намалување на воспалението како популарниот ибупрофен.

Покрај тоа, бромелаинот ги нема несаканите ефекти на ибупрофенот, најчесто препишуван нестероиден антиинфламаторен лек кој може да доведе до гастроинтестинални непријатности и оштетување на бубрезите и да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести.

Што е бромелаин?

Бромелаинот не е единствена состојка, туку група ензимски комплекси кои се наоѓаат во плодот на ананасот, како и во неговото стебло.

Ананасот е единствената храна која содржи бромелаин, состојка која помага не само при болки, туку и при заздравување на кожата и ткивата.

Овој моќен ензимски комплекс со векови се користи во Централна и Јужна Америка како помошно средство во лекувањето на разни болести.

Истражувањата покажале дека бромелаинот од ананасот има неколку терапевтски и лековити ефекти, меѓу кои најважни се намалувањето на болката и воспалителните процеси, помага при тешко варење и има антиканцерогена активност.

Иако можете да земате бромелаин во капсули, одлична идеја е да консумирате свеж ананас или да го пиете неговиот свежо исцеден сок.

Ова егзотично овошје кое потекнува од Јужна Америка е исклучително богато со витамини, минерали и антиоксиданти кои се многу неопходни за нашиот организам.

Неговите антиоксиданти играат важна улога во спречувањето на воспалителните процеси, кои на крајот доведуваат до хронични заболувања.

Придобивки од бромелаинот

Го намалува воспалението и ја ублажува болката

Неколку студии покажале дека бромелаинот ги намалува воспалителните процеси и ја ублажува болката и се покажал како одлична природна помош, на пример, кај остеоартритис.

Кај луѓето кои страдаат од остеоартритис кои земале бромелаин, не е забележано само намалување на болката, туку и подобра подвижност на зглобовите кои инаку биле погодени од болеста.

Покрај бромелаин, ананасот содржи и многу витамин Ц, антиоксидант кој не само што го зајакнува имунитетот, туку и ги намалува воспалителните процеси во телото и помага во растот и регенерацијата на ткивата.

Помага за побрзо закрепнување по операција

Една студија покажала дека земањето бромелаин пред операција може да го скрати бројот на денови потребни за опоравување по операцијата.

Тоа значи дека овој ензимски комплекс има антиинфламаторно и аналгетско дејство, што помага во самото закрепнување.

Исто така, одлична идеја е да земете бромелаин, но и самото овошје од ананас како состојка во смути после тренинг.

Ова егзотично овошје е одлично за подигнување на нивото на енергија и помагање за обновување на мускулите после тренинг.

Одлично го стимулира дигестивниот систем

Бромелаинот од ананасот помага во разградувањето на протеинските молекули, што му олеснува на тенкото црево да ги апсорбира.

Затоа овој ензим е одличен за работата на дигестивниот систем.

Витаминот Ц, манганот, влакната и ензимите од ананасот се одлични за тешко варење и добра цревна перисталтика, па затоа ова овошје е одличен избор за сите оние кои страдаат од дигестивни проблеми.

Благодарение на поволното влијание на варењето, како и ниската калориска вредност (една шолја содржи само 75 калории), ананасот е одличен и за слабеење.

Ги зајакнува коските

Дали знаевте дека ананасот задоволува повеќе од 100 отсто од дневните потреби за манган?

Тоа е важен минерал кој го помага нашиот имунитет и метаболизам, а исто така ги зајакнува нашите коски.

Ананасот содржи и бакар, кој ја спречува ресорпцијата или деградацијата на коските што се случува во нашето тело за време на процесот на стареење.