Десетте најдобри природни лекови за настинка и грип

Фото: Freepik
224

Сезона е на грип и настинки, па многу луѓе се прашуваат што да прават кога не можат да се ослободат од непријатните симптоми?


Кивањето, кашлањето, шмркањето и отежнатото дишење се типични симптоми за респираторните инфекции, кои траат неколку дена, но можат да траат и подолго.

Сега, кога е сезона на грип и настинки, многу луѓе се болни и се прашуваат што да прават за да се ослободат побргу од непријатните симптоми?

Решение можете да побарате во вашиот дом, бидејќи со овие билки и третмани успешно ќе ги решите симптомите на настинка.

Лук
Лукот е познат природен антибиотик кој активно учествува во борбата против бактериите и вирусите!

Ако сакате да излечите настинка со лук, доволно е да гризнете едно чешне и да го исцицате целиот сок од него.

Ако не можете да го издржите вкусот на лукот, згмечите го, измешајте го со лажица мед и голтнете го.

Јаболков оцет
Измешајте јаболков оцет со вода во сооднос 1:2, гаргарајте ја смесата 10 секунди и исплукајте ја. Наместо гаргара, можете и да ја пиете оваа смеса.

Мешавината од оцет и вода ќе ја ублажи болката во грлото и ќе ја смири кашлицата.

Ѓумбир
Исечете парчиња ѓумбир и ставете ги во свежо подготвената лимонада. Овој напиток е идеален лек против мачнини, треска, воспалени синуси и главоболки. Можете да направите и чај од ѓумбир и да додадете мед и сок од лимон, а можете и само да грицкате по некое парченце свеж ѓумбир во текот на денот.

Цимет
Циметот има антивирусни и антибиотски својства, затоа измешајте една лажичка цимет со мед и полека топете го во устата.

Ова ќе ја смири кашлицата, ќе ја ублажи треската и ќе го отпушти носот.

Оригано
Ориганото е идеално за ублажување на најлошата кашлица, бидејќи содржи антибактериски својства.

Инаку, ориганото најдобро делува против бактериите, но може и да ги ублажи симптомите на вирусна настинка.

Коприва
Копривата е полна со витамини и минерали. Доколку чувствувате симптоми на настинка, пијте чај од коприва кој ќе го забрза процесот на заздравување.

Масло од еукалиптус
Подгответе топла купка и додадете 6 до 10 капки есенцијално масло од еукалиптус.

Топлата пареа, во комбинација со ова масло, ја смирува кашлицата и ги ослободува дишните патишта.

Женшен
Ова растение може да го скрати времетраењето на настинката и да ги ублажи нејзините симптоми, но важно е да го консумирате во рок од 72 часа од првите симптоми.

Ехинацеа
Ехинацеата го забрзува процесот на лекување на настинки и го зајакнува имунолошкиот систем. Штом грлото ќе ве заскокотка или ќе забележите течење на носот, земете капки ехинацеа или направете чај од ова лековито растение.

Ферментирана храна
Кимчи, кисела зелка или краставички се идеални за борба против вируси.

Ферментираната храна ги снабдува цревата со добри бактерии, што на крајот резултира со зајакнување на имунитетот.